• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Венко Андоновски се закити со меѓународната Толстоева награда

5 октомври 2023, 12:32
  • cподели

Венко Андоновски со романот „Папокот на светлината“ е добитник на меѓународната Толстоева награда „Јасна Полјана“ за 2023 година.

Венко Андоновски

Романот е објавен во руски превод на еминентната македонистка, преведувачка на над 70 книги од македонски автори и афирматор на македонската култура, Олга Панкина. Олга Панкина ја доби годинешнава награда „Јасна Полјана“ за најдобар превод на руски јазик, за романот на Андоновски.

Ова, на вчерашната церемонија на соопштување на добитникот во Бoљшој театарот во Москва, го соопшти жирито составено од еминентни руски писатели: Владимир Илич Толстој (правнук на Лав Н. Толстој), Алексеј Варламов, Евгениј Водоласкин, Владислав Отрашенко и Павел Басински.

Од 30 номинации од 16 земји и 5 континенти, жирито во категоријата „странска литература“ се реши за потесен избор од осум наслови: Палата на соништата на Исмаил Кадаре (Албанија), Внука на Бернхард Шлинк (Германија, познат по романот и филмот „Читачот“), Зимски војник на Даниел Мејсон (САД, познат по „Пијано штимер“), Пиштарки на Фернандо Арамбуру (Шпанија), Кожурец на Џанг Јуеран (Кина), Звукот на нештата што паѓаат на Хуан Габриел Васкез (Колумбија), Ветување на Дејмонд Галгут (Јужна Африка) и Папокот на светлината на македонскиот писател Венко Андоновски.

Одлуката за наградата е донесена едногласно.

Со оваа награда, името на нашиот, македонски писател се придружува кон листата на досегашните добитници: Џулијан Барнз (Велика Британија), Ју Хуа (Кина), Рут Озеки (Kанада-САД), Орхан Памук (Турција), Марио Варгас Љоса (Перу), Патриша Данкер (Велика Британија), Хернан Ривера Летелиер (Чиле) и Амос Оз (Израел).

Меѓународната Толстоева книжевна награда „Јасна Полјана“, за најдобар странски роман преведен на руски е основана во 2015 година, а ја доделуваат Музејот „Јаснаја Полјана“ и „Самсунг Електроникс“.

Книжевниот подем на Андоновски на руското книжевно подрачје започна уште во 2007 година, кога за романот Папокот на светот (повторно во превод на Панкина) ја доби наградата „Југра“ (најдобар роман од сите словенски книжевности преведен на руски јазик). Следуваа три изданија на романот „Азбука за непослушните“ (третиот е двојазичен, руско-македонски) и други признанија, меѓу кои и „Златен витез“ за драматургија, минатата година, кога Панкина преведе и објави на руски три негови драми.

Романот Папокот на светлината го првообјави издавачот „Три“ од Скопје, и за девет месеци доживеа четири македонски изданија (4000 примероци), а ја доби и наградата „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија.

Tags
Венко Андоновски

Најнови

  • Страсти и нежности: Тазе венчаните Дуа Липа и Калум Тарнер на романтичен меден месец во Италија

    Tue, 06/16/2026 - 22:10
  • „Мислев дека оди по медал, не знаев дека јас ќе бидам неговата победа“: Викторија за предлогот за брак од саканиот Дејан покрај Бледското езеро

    Tue, 06/16/2026 - 21:00
  • Реплек

    По пробивот на британскиот пазар, Реплек ги претстави своите капацитети и развојни планови пред амбасадорот Метју Лосон

    Tue, 06/16/2026 - 18:15
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.