• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

„Мислев дека оди по медал, не знаев дека јас ќе бидам неговата победа“: Викторија за предлогот за брак од саканиот Дејан покрај Бледското езеро

16 јуни 2026, 21:00
  • cподели

Спортските натпревари се секогаш полни со возбуда, но за Дејан Цветковски, патувањето во Словенија на „streetlifting“ натпревар беше многу позначајно од бронзениот медал околу неговиот врат.

Додека сите беа фокусирани на неговиот настап, тој во срцето носеше план што се подготвувал цели 8 години. Покрај мирните води на Бледското Езеро, на роденденот на неговата сакана Викторија, Дејан одлучи да го освои најважниот трофеј во животот.

На магично место со поглед на прекрасниот замок кој се издигнува на карпа сред езерото, Дејан клекна на едно колено и ѝ го постави судбоносното прашање на својата избраничка.

За среќниот момент, Викторија и Дејан споделија впечатоци за Фемина, секој од свој агол.

To view this video please enable JavaScript, and consider upgrading to a web browser that supports HTML5 video

Патувањето во Словенија првично беше планирано поради мојот streetlifting натпревар, но длабоко во себе знаев дека тоа патување ќе значи многу повеќе од обичен натпревар. Имав уште една, многу поважна причина – причина што ја носев во срцето долго време.

Одлучив токму тогаш да ја запросам, сигурен дека никој нема да се посомнева. Сите беа фокусирани на натпреварот, на подготовките, на напнатоста пред настапот… а најмалку од сите – таа. Таа мислеше дека одиме поради мене, а јас знаев дека одам поради нас.

Секој детаљ беше внимателно испланиран, секој чекор направен со љубов, и сè мораше да остане тајна. Најтешко од сè беше да не се издадам… да ја гледам секој ден, а да не ѝ кажам што подготвувам.

Ден пред натпреварот беше нејзиниот роденден. Се договоривме да одиме на ручек на Бледското Езеро. Знаев дека тоа место е магично, тивко и прекрасно – исто како моментот што го замислував. Цел ден се обидував да бидам смирен, да се однесувам нормално… но во мене сè трепереше. Срцето ми чукаше посилно од кој било тренинг, од кој било натпревар.

Таа не се посомнева во ништо. Очекуваше роденденски подарок… нешто мало, нешто убаво. Но, не можеше ни да замисли дека ќе добие прашање што ќе ни го промени целиот живот.

Кога дојде моментот, ѝ го подадов подарокот… и клекнав. Во тие неколку секунди, времето застана. Сè околу нас исчезна – луѓето, звукот, светот. Постоеја само нејзините очи, мојата трема и љубовта што не можев повеќе да ја задржам во себе.

Нејзиното изненадување… нејзината насмевка… солзите што ѝ се појавија во очите – беа најубавиот одговор што можев да го добијам. Во тој момент, знаев дека сум го направил вистинскиот чекор, во вистинско време, со вистинската личност.

Тоа беше ветување. Почеток на нашата приказна.

И на крај, донесов две медали.

Едната беше бронзена.

А другата… таа беше мојата животна победа. Таа беше – таа. 🤍

Јас сум Дејан… и ова е најубавата победа во мојот живот. 💍

Сè се случи во еден миг.

И во тој миг… сè доби смисла.

Времето не застана.
Само исчезна.

Остана само чувството.
Срце што трепери… и едно „ДА“ што значеше сè.

8 години љубов, тивко собрани во еден момент.
8 години што се заокружија во едно сигурно „ние“.

Во тој момент не мислиш.
Само знаеш.
Дека си на вистинското место.
Со вистинскиот човек.
Во вистинскиот живот.

Како универзумот да се смири во тебе.
Како сè конечно да си дојде на своето место.

Мислев дека оди по медал.
Не знаев дека јас ќе бидам неговата победа.

И тогаш сфатив…

Не станува збор за момент.
Туку за „НИЕ“.

Од тој ден – не постојам „јас“.
Постои мир.
Постои сила.
Постои заедништво.

Тоа беше крунисување на љубовта што веќе постоеше.
Тивко, но засекогаш.
Без глас – а толку гласно во срцето.

Јас сум Вики и ова е нашето засекогаш. 🤍💍

Tags
предлог за брак

Најнови

  • Страсти и нежности: Тазе венчаните Дуа Липа и Калум Тарнер на романтичен меден месец во Италија

    Tue, 06/16/2026 - 22:10
  • „Мислев дека оди по медал, не знаев дека јас ќе бидам неговата победа“: Викторија за предлогот за брак од саканиот Дејан покрај Бледското езеро

    Tue, 06/16/2026 - 21:00
  • Реплек

    По пробивот на британскиот пазар, Реплек ги претстави своите капацитети и развојни планови пред амбасадорот Метју Лосон

    Tue, 06/16/2026 - 18:15
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.