Велигденските денови се вистинска инспирација за мали моменти исполнети со боја, свежина и убаво расположение. Во dm може да се состави велигденска кошничка со производи за нега, хигиена и убавина, како и со вкусни закуски, по секогаш поволни цени, па затоа овие кошнички се и идеален подарок за Велигден. За полесна инспирација, dm препорачува пет различни велигденски кошнички, секоја во различна боја, со внимателно избрана комбинација на производи, а притоа секоја од нив е со вредност под 600 денари.
Сина велигденска кошничка
Сината велигденска кошничка обединува шест производи со вкупна цена од 450 денари и е одличен избор за секојдневна нега, хигиена и освежување. Balea Sensitive дезодорансот со кокосово масло овозможува сигурна заштита и е погоден и за чувствителна кожа, што го прави практичен избор за секој ден. Mivolis Fresh пастилите со вкус на нане носат дополнително чувство на свежина и лесно може да се најдат во чанта или ранец кога се потребни во текот на денот. Bioten Hydro X∙Cell маската за лице внесува момент на нега и интензивна хидратација, а воедно остава и пријатно чувство на разладување на кожата. Wasa крекерите со морска сол се вкусно дополнување во кошничката и се идеални за лесна ужинка во секое време. Balea нежниот сапун е создаден за често миење на рацете, без да ја суши кожата. За заокружена рутина, тука е и Balea MED Ultra Sensitive дневната крема, која нежно ја хидрира и смирува чувствителната кожа.
Црвена велигденска кошничка
Црвената велигденска кошничка содржи четири производи со вкупна цена од 568 денари и претставува одлична комбинација од производи за убавина, нега и мало слатко задоволство. Во неа може да се вклучат L'Oréal Paris Elseve Color-Vive шампонот за обоена коса, кој помага во заштита на бојата и ѝ дава сјај на косата, Nutrino Lab овошното пире со јаболко, праска, јагода и малина, trend !t up Ultimate Shine & Stay лакот за нокти за долготраен сјај, како и dmBio чоколадираните малини во темно чоколадо, кои внесуваат вкусна и впечатлива нота во кошничката.
Зелена велигденска кошничка
Зелената велигденска кошничка за мажите обединува пет производи со вкупна цена од 459 денари и е наменета за секојдневна нега, хигиена и практични моменти во текот на денот. Во оваа комбинација може да се најдат alverde Active Nature 3во1 лосионот за тело, лице и коса, Fa Men Spicy Bergamot дезодорансот за долготрајна свежина, dmBio оризовите галети со сусам како лесна закуска, GO ON 33% протеинската плочка и Balea MEN Maximum Power гелот за лесно стилизирање и цврсто држење на косата.
Жолта велигденска кошничка
Жолтата велигденска кошничка вклучува пет производи со вкупна цена од 503 денари и носи свежина, ведрина и производи што внесуваат убаво расположение во секојдневието. Во неа свое место можат да имаат Afrodita Sicilian Lemon маслениот гел за туширање, Balea Ginger & Lemon течниот сапун, essence MY BUTTER HALF лакот за нокти, Cedevita бонбоните со 9 витамини и Orbit Tropical гумите за џвакање без шеќер. Оваа комбинација е идеална за сите што сакаат свежи мириси, нежен момент и практични мали додатоци во една кошничка.
Розoва велигденска кошничка
Оваа велигденска кошничка со три производи, со вкупна цена од 567 денари, е идеален избор за сите љубители на производи за убавина и внимателно одбрани мали задоволства. Во неа може да се најдат essence Soft Touch руменилото за природен и свеж изглед, Balea Pink Blossom парфемот за коса со цветно-свеж мирис и essence bouncy plump спрејот за лице, кој овозможува хидриран и блескав финиш. Ова е едноставна, но впечатлива комбинација што лесно може да стане дел од секојдневната рутина за нега и убавина.
Без разлика дали ќе се избере некој од овие предлози или ќе се состави поинаква комбинација, во dm ве очекува голем избор на производи за нега, хигиена, убавина и секојдневни мали задоволства по секогаш поволни цени. Така, велигденската кошничка може да внесе повеќе боја, свежина и инспирација во деновите пред празникот.