• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Веќе 4 месеци не сме во врска“: Александар Динев и Евче потврдија дека раскинаа

5 јуни 2026, 08:45
  • cподели

Александар Динев и Евче ставија крај на љубовната приказна. 

По неколкумесечни шпекулации и прашања од страна на фановите, тие решија јавно да проговорат за својот статус и преку емотивно соопштение потврдија дека веќе четири месеци не се заедно.

Нивната објава ви ја пренесуваме во целост:

Веќе некое време размислуваме како да го споделиме ова, затоа што не е лесно да се зборува јавно за нешто што за нас е многу лично.

Бидејќи нашата врска беше јавна од самиот почеток и бидејќи многу од вас постојано нè прашуваат за истата, чувствуваме дека е најискрено ова да го споделиме со вас.

Ние повеќе не сме заедно.

Веќе 4 месеци не сме во врска, а во тој период си дадовме простор и време за себе. Денес сме во добар однос и продолжуваме понатаму со меѓусебна почит и разбирање.

Не би сакале да навлегуваме во детали, затоа што веруваме дека некои работи заслужуваат да останат приватни. Тоа што сакаме да го кажеме е дека имаме почит еден кон друг, благодарни сме за сите убави моменти што ги споделивме и искрено си посакуваме мир, среќа и многу успеси понатаму.

Ве молиме да не испраќате омраза, да не создавате претпоставки и да не нè притискате со прашања. И двајцата сме луѓе со чувства и во овој период најмногу ни значи вашето разбирање.

Ви благодариме на сите што нè поддржувавте и ќе продолжите да нè поддржувате и понатаму.

Со љубов,
Александар и Ева

Tags
Александар Динев
Евче

Најнови

  • Меган Маркл и принцот Хари со децата

    Игри на плажа, посета на домот на принцезата Дијана: Меган Маркл објави летни фотографии со принцот Хари и децата

    Fri, 07/24/2026 - 14:15
  • Од скромни почетоци до светски метрополи: Пајак ужива во Лондон откако сподели дека никогаш не бил на одмор во Грција

    Fri, 07/24/2026 - 13:40
  • 84 дена се бореше за живот на болница, сега слави дома 3 месеци: Сопругата на Христијан Трајаноски со преслатка фотосесија од ќеркичката

    Fri, 07/24/2026 - 13:35
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.