• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Ведрана моја, хероино без влакна на јазикот“: Северина се прости од Ведрана Рудан

20 август 2026, 23:50
  • cподели

Северина со емотивна порака се прости од Ведрана Рудан, која почина по битката со ракот.

Хрватската пејачка беше блиска со познатата писателка и колумнистка, а по веста за нејзината смрт, сподели спомени од нивното пријателство и од периодот кога Ведрана се соочувала со тешката болест.

Низ зборови исполнети со тага, љубов, но и со оној препознатлив остар хумор типичен за Рудан, Северина раскажа и неколку нивни последни разговори. Откри дека дури и додека се лекувала, Ведрана повеќе се грижела за другите жени во болницата и за медицинските сестри отколку за себе.

„Болката за тебе престана. За нас започнува“ - напиша Северина во долгата проштална порака:

Замина – колку нереално е. Па таа не може да замине. Таа победи сè што овој проклет живот ѝ го стави на патот. И трње, и ќотек, и љубови, и понижувања, и клоци, и закани... Таа секогаш стануваше, цврсто и елегантно, удираше шлаканици кога требаше (вербални, се разбира), па и на нејзината болест (вистински). Ја соборуваше на под, ја клоцаше и повторно стануваше. Ведрана моја. Љубов наша – хероино без влакна на долгиот јазик. Вештерка која преку перото фрлаше магии кои ги впиваше секоја хартија.

Кога започна сè – жената ми се јави лута како пес. Не на болеста, не на тој огромен тумор. Не, беше лута затоа што жените во болницата имаат пластични перници.

– „Севе, спијат на перници од кои се потат, можеме ли да набавиме перници за болницата? Жал ми е за жените.“

– „Ведрана, како сте Вие, Ви треба ли нешто?“, прашав, едвај задржувајќи ги солзите кои само течеа.

– „Ништо, Севе, продолжи да им е*еш матер на сите.“

Во еден момент, ХЗЗО одби да ѝ ги покрие трошоците за некакво лекување. Сакав, плачејќи ѝ велев, да организираме собирање средства. Ми забрани, без воопшто да остава простор за расправа.

Перниците веднаш ги купивме, заедно со навлаките и ги доставивме. Само тоа ѝ беше важно. И тоа што медицинските сестри по болниците паѓаат од нозе.

Страдаше во себе, а нам продолжуваше да ни се дава себеси. Мене секогаш ми се јавуваше по моите срања: „Мала, пак ќе пишувам за тебе! Нема злобниците...“

Девојко наша, во прегратката на метастазите, болката за тебе престана. За нас започнува. Не знаеше како да се простиш од Славенка, која замина во јуни. Така и јас сега се мачам како да се простам од тебе, кога не сакам простување... Сакам уште да се смеам со тебе, иако го правеше тоа без да сакаш. И имаше право; кај нас ништо и не е смешно...

За време на еден од нашите последни разговори ми кажа дека си објавила книга и дека не можеш „со рак“ да ја промовираш. Реков „јас ќе ја промовирам“ и ја понесов со мене на пат. Ја отворам првата страница, а насловот на тој извадок беше „Северина, Тито, јахтата и јас“... а внатре пишува: „...да имав јас таков филм, ќе го пуштав пред Дневникот“. Ете, купете ја таа книга, добро ќе ве насмее.

Ме сакаше, ама кога еднаш на крајот од разговорот ѝ реков: „Те сакам“, ми возврати: „Само немој ти да ме сакаш, види како завршија оние кутри луѓе што ти ги сакаше...“

Па кој не би ја обожавал?

Tags
Северина
Ведрана Рудан

Најнови

  • Ведана Рудан и Северина

    „Ведрана моја, хероино без влакна на јазикот“: Северина се прости од Ведрана Рудан

    Thu, 08/20/2026 - 23:50
  • Му запеа на бившиот пред сите, тој ѝ покажа срце: Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ ги збунија фановите

    Thu, 08/20/2026 - 12:00
  • Ресет

    Јубилеен РЕсет со Реплек во Охрид: Десетто издание посветено на добросостојбата

    Thu, 08/20/2026 - 11:41
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.