Вечна елеганција: Нова колекција фустани од Ателје Соња и Марија за жените кои сакаат да се чувствуваат посебно
Ателје Соња и Марија го тргнаа превезот на таинственоста од нивната нова колекција, која обединува дискретен луксуз, префинет вкус и безвременска естетика во креации што ја слават жената.
Од македонското модно студио посочуваат:
Новата колекција на Ателје Соња и Марија е приказна за стил, самодоверба и вечна елеганција. Создадена во нашето мало креативно студио, секоја креација е резултат на часови работа, инспирација и љубов кон уметноста на шиењето.
Фустаните што ги претставуваме оваа сезона се замислени за жената која сака да се чувствува посебно – било да чекори на свечен настан, важно семејно славје или едноставно момент кога сака да биде најубавата верзија од себе.
Со префинети материјали, чисти кроеви и внимателно одбрани детали, оваа колекција е создадена да ја истакне нежноста, силата и елеганцијата што секоја жена ги носи во себе. Добредојдовте во свет каде модата станува емоција. ✨