• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

„Вашата среќа нека ви биде врвен приоритет“: 29 нешта кои треба да започнете да ги правите за себе

25 јули 2019, 11:40
  • cподели

Најчесто, најдоброто што можеме да го направиме за себе е најочигледно, а сепак решаваме да го игнорираме.

Писателката Таназ Чаб создаде листа со совети за самоподобрување кои навидум изгледаат едноставни за следење, но мнозинството од нас не успеваат да ги применат во животот.

Среќа
  1. Престанете да велите ДА кога всушност мислите НЕ.
  2. Не вложувајте енергија и време во луѓето кои не ве почитуваат.
  3. Бидете искрени со себе за тоа како навистина се чувствувате.
  4. Вашата среќа нека ви биде врвен приоритет.
  5. Престанете да измислувате изговори за другите и за себе.
  6. Не се принудувајте избрзано да донесувате одлуки.
  7. Поминувајте повеќе време со луѓето со кои се чувствувате пријатно.
  8. Не плашете се смело да се застапувате себеси и да го кажувате она што го мислите.
  9. Не се натпреварувајте и споредувајте со другите.
  10. Останете присутни во сегашноста, без оглед на тоа што ви се случува во животот, наместо да посакувате сè да беше поинаку.
  11. Простете си за минатите грешки.
  12. Слушајте ги и верувајте им на внатрешниот глас и интуицијата.
  13. Креирајте листа на цели и секој ден правите мали чекори кон нив.
  14. Велете ДА за повеќе задоволство и уживање во животот.
  15. Издвојувајте време за нештата кои ги сакате.
  16. Престанете да се наговорувате себеси да се оттргнете од работите кои сакате да ги правите.
  17. Фокусирајте се на сè она што го имате во животот и за кое треба да бидете благодарни.
  18. Престанете да се грижите за она што не можете да го контролирате.
  19. Преземајте одговорност за вашиот живот, не глумете жртва.
  20. Фокусирајте се на решенија наместо да дозволувате проблемите да ве потиштуваат.
  21. Славете ги вашите успеси.
  22. Поедноставете си го животот со отстранување на непотребните драми и конфликти.
  23. Започнете да верувате во себе и во вашата способност да успеете.
  24. Не ги игнорирајте вашите чувства.
  25. Научете се како да се откажете од контролата и да се релаксирате.
  26. Зборувајте си себеси со љубезност и љубов.
  27. Не ги преземајте туѓите проблеми како свои.
  28. Престанете да ги осудувате другите и фокусирајте се на тоа да ги прифатите онакви какви што се.
  29. Започнете да се сакате себеси.
Tags
животни лекции

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.