• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Вака се сака сопственото дете“: Хана Вадингем со чанта од картон направена од 9-годишната ќерка на SAG Awards

26 февруари 2024, 09:32
  • cподели

Хана Вадингем буквално блескаше на доделувањето на SAG наградите во Лос Анџелес.

49-годишната актерка, која беше и водителка на Евровизија 2023, носеше црвена креација од Тони Вард, која ја надополни со специјален моден додаток – чанта од картон направена од нејзината 9-годишна ќерка.

Хана, која е самохрана мајка, гордо ја носеше картонската чанта додека пристигнуваше на свеченоста.

Хана Вадингем Хана Вадингем

„Ќерка ми сакаше да придонесе, па ми направи чанта“ – рече Хана пред камерите. „Сето ова е одлично, но ова (да се биде мајка) е најважно“ – додаде таа, зборувајќи за мајчинството со новинарка.

Хана Вадингем Хана Вадингем Хана Вадингем

Ќерката на Хана страда од автоимуно нарушување наречено Хенох Шенлајнова пурпура кое предизвикува воспаление на малите крвни садови.

Во коментарите, ѕвездата од „Ted Lasso“ доби бројни комплименти од фановите.

„Вака се сака сопственото дете, без да се грижиш за туѓото мислење“.

„Скапоцено! Мило ми е што мајката избра да ја носи“.

„Ова е најслаткото нешто досега“.

„Најдобрата чанта која некогаш во животот сум ја видела на црвениот тепих“.

„Вака им ја покажуваш на твоите деца поддршката во нивните креативни заложби. Одлична работа, мамичке“.

„Најслаткиот гест и неспоредлива самодоверба“ – се само дел од коментарите.

View this post on Instagram

A post shared by (@waddsarchives)

Хана беше номинирана во категоријата Најдобра изведба од актерка во серија комедија, но не ја доби наградата.

Хана Вадингем Хана Вадингем Хана Вадингем Хана Вадингем Хана Вадингем

Најнови

  • Кристина Арнаудова

    „Ми рече дека сум стара, не знам дали беше педофил, но му поверував“: Кристина Арнаудова сподели токсично искуство

    Fri, 04/24/2026 - 12:23
  • „Денес опериравме две бебиња по околу 2 кг со тешки срцеви маани“: Д-р Владимир Чадиковски со нов медицински подвиг

    Fri, 04/24/2026 - 10:59
  • „Ми требаше ТАА, за да закрепнам, да се наспијам“: Хрватка за важноста на помошта од мајка ѝ по породувањето

    Fri, 04/24/2026 - 10:45
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.