• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Урбаната приказна „Ефектот на среќа“ го отвори „Cinedays“

8 ноември 2019, 15:10
  • cподели

“

Човекот успеа да се качи на месечината, но сè уште не научи како да биде среќен.

Играниот филм „Ефектот на среќа“ (The Happiness Effect) на режисерот Борјан Зафировски вчера ја имаше својата прва проекција во преполната сала во кино „Милениум“ на отворањето на филмскиот фестивал „Cinedays“. Остварувањето обработува приказна за една млада девојка која се обидува да ја декодира формулата на среќа и ја истражува моќта на позитивното размислување. Главните улоги ги толкуваат: Дејана Попоска, Сашко Коцев и Ана Стојановска.

Ана Стојановска и Дејана ПопоскаАна Стојановска и Дејана Попоска

- „Ефектот на среќа“ е естетски бунт против депресивната балканска кинематографија на која сме навикнати и која ја конзумираме секојдневно со децении. Овој пат решивме категорично да одбиеме да ја „продаваме“ бедата на земјава и да се фокусираме на позитивните естетски елементи. Македонија, за жал, според индексот на среќа се наоѓа на претпоследно место во Европа. Среќата полека ни станува нешто далечно. Токму затоа „Ефектот на среќа“ се обидува да ја обработи моќта на позитивното размислување и како тоа е поврзано со среќата – вели режисерот Зафировски.

Режисерот Зафировски со актерката ПопоскаРежисерот Зафировски со актерката Попоска

Сценариото е на режисерот Зафировски во соработка со драматург и писател Дејан Дуковски. Филмот е во продукција на „Ново Македонско Видео", а копродуценти се: „Њу момент“, V House Animation, Living Pictures, Montenegro Max Film и B2 – PR and Media Solutions. Филмот е поддржан од: Агенција за филм на Северна Македонија, Филмскиот центар на Србија, Филмскиот центар на Црна Гора и Кинематографскиот центар на Косово.

- Чест ни е што имавме можност овој филм да го претставиме пред домашната публика, а веќе во план е и да „патува“ на европски и на други фестивали. Филмот е социјална, животна приказна за драма која ја доживува една млада девојка која се соочува со терминална болест и што може таа да направи во периодот што ѝ останал и како да ја најде среќата. Се работи за современ, модерен филм и горди сме дека успеавме да направиме една убава, урбана приказна која и покрај сè е позитивна. Некако на Балканот влеговме во едно клише на трауматски, депресивни, поствоени, постсоцијалистички филмови и мислам дека ние сме поразлични и отскокнуваме од тоа клише – изјави продуцентот Сашо Пешев.

Продуцентот Сашо ПешевПродуцентот Сашо Пешев

Покрај главните актери Дејана Попоска, Сашко Коцев и Ана Стојановска останатите улоги во „Ефектот на среќа“ ги толкуваат: Сара Анастасовска, Јовица Михајловски, Петар Арсовски и Мими Таневска.

Екипата на „Ефектот на среќа“Екипата на „Ефектот на среќа“
View this post on Instagram

The Happiness Effect Premiere on the 07.11.2019 @borjanzafirovski

A post shared by Dejana Poposka (@dejanapoposka) on Nov 5, 2019 at 4:52am PST

Tags
Ефектот на среќа

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.