• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

Уникатни керамички куќички, рачно нацртани лампиони - Маја од Скопје создава празнична магија

18 декември 2025, 00:15
  • cподели

Уметницата Маја Wolf изработува мали светови во кои живеат топлината, детството и празничната магија. Низ нејзините керамички куќички што светат, лампиони со приказна и бои што мирисаат на детство, оваа грнчарка нè потсетува зошто Божиќ со најмилите е едно посебно чувство, а не обврска.

За Фемина, открива дека е човек длабоко вљубен во природата, животните, уметноста и универзумот. Но, пред сè, дека останува дете кое секогаш верува во магија.

Maja Wolf
Maja Wolf

„Сѐ уште верувам дека сѐ е возможно. Од кога конечно си ја сфатив мојата улога на земјава, најдов начин како да ги пренесам таа љубов и магија, како да го разбудам детето што спие во сите нас, она дете кое веруваше дека сѐ е возможно, што гледаше убавина во едноставните нешта“ – вели таа.

По стапките на прадедо ѝ, Маја се враќа кон керамиката, но и кон себе. Самоука уметница, која црта и слика од кога памети за себе, таа низ керамика, дрво и платно ја пренесува својата внатрешна магија кон светот.

Нејзината најнова колекција, симболично наречена „Christmas of my heart“, е составена од 10 рачно изработени керамички куќички, секоја со своја приказна. Направени со радост, топлина и љубов, тие се создадени да внесат чувство на дом, мир и празнична нежност.

Украси од Маја Wolf
Украси од Маја Wolf
Украси од Маја Wolf

Љубовта кон ваквите украси, вели Маја, започнала уште во детството. Керамичките новогодишни и божиќни украси што тогаш ги купувала и денес ги чува и ги вади секој Божиќ.

„Кога ќе здогледам керамичка куќичка што свети, чувствувам топлина во душата, некоја магија на безвременски простор, едноставно за миг сѐ запира. Само мислата на топол дом исполнет со смеа, радост и најубавата, бајковита, божиќна атмосфера“ – раскажува таа.

Голема улога во создавањето на таа магија имала нејзината мајка, која секогаш правела празниците да бидат посебни, со украси, балони и дури три елки. Денес, таа традиција ја продолжува Маја, која Божиќ го прави магичен за својата ќерка. Но, годинава сакала магијата да ја сподели и со другите.

Маја Wolf со ќерка си

Процесот на создавање не е ниту краток, ниту лесен. За куќичките ѝ биле потребни речиси три недели работа, а за лампионите уште една. Во една куќичка, вели, има вложено повеќе од 12 часа активна работа, без да се смета времето за сушење.

Инспирацијата за лампионите доаѓа од една семејна традиција – секој Божиќ, со сопругот купуваат по еден лампион што ја одбележува таа година. Елката кај нив е полна со спомени: лампиони од детството на мајка ѝ, рачно изработени, секој со своја приказна.

„Со овие рачно цртани лампиони сакам да создадам спомени и во другите домови“ - вели Маја.

Одзивот, признава, ја изненадил и ја исполнил. Имено, половина од колекцијата веќе е продадена, а пораките и коментарите се полни со емоции. За неа, тоа е доказ дека магијата сè уште живее меѓу луѓето.

Украси од Маја Wolf
Украси од Маја Wolf
Украси од Маја Wolf
Украси од Маја Wolf

На крајот, нејзината новогодишна порака е едноставна, но силна:

„Повеќе да веруваме во добрина и магија. Да му напишеме писмо на Дедо Мраз, затоа што тој не носи само играчки.“

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by 🎨 Fantasia by Maja Wolf | Art & Design (@fantasia.art.mw)

Даница Караташова Илиоска / Femina.mk

Tags
Нова година 2025
Маја Wolf

Најнови

  • Свечено отворен Почесниот конзулат на Република Австрија во Битола

    Битола и Виена повторно на иста адреса: Свечено отворен Почесниот конзулат на Република Австрија во Битола

    Fri, 12/19/2025 - 20:00
  • Irina Atanaskova, позната како Ina Nameless

    Со Ирина Атанаскова: За уметноста да се биде мајка и уметник и за пријателот што го спасува денот

    Fri, 12/19/2025 - 14:30
  • dm Secret Santa

    За сите оние кои имаат сѐ, оние кои не сакаат ништо и оние кои треба посебно да ги израдуваме: идеи кои го спасуваат секое празнично купување на подароци

    Fri, 12/19/2025 - 13:25
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.