• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Мода

Уникатен и феноменален: „Дениција“ е првиот македонски Swatch дизајниран од Зоран Кардула

8 декември 2021, 14:29
  • cподели

„Божиновски часовници и накит“ со гордост го претставува првиот македонски дизајниран Swatch, кој е дел од платформата „СВОЧ НА КИРИЛИЦА“, потпишан од македонскиот дизајнер и илустратор Зоран Кардула.

Дениција

„Првата буква од креативната азбука која ја започнавме со оваа платформа, по повод триесетгодишнината од независноста ја издвоивме за познатиот македонски дизајнер и илустратор Зоран Кардула. Првиот дизајн му го доверивме на Кардула како еден од најзначајните илустратори кој го одбележува ова наше време“, објаснуваат од „Божиновски часовници и накит“.

Часовникот е дизајниран со мотив од познатата едиција „Жени“ на авторот и симболично го доби името Дениција, инспирирани од загонетната и бескрајна љубов која ја опејува еден од најзначајните македонски писатели, Петре М. Андреевски. Име кое асоцира на изгрејсонце, на ѕвездата Деница, на светлина, плодност, убавина, но и на нашата татковина.

Доколку сакате да го погледнете часовникот во живо, истиот е веќе изложен во бутикот на „Божиновски часовници и накит“ на ул.Македонија, но и во сите продажни места на Божиновски.

Дениција е првиот часовник од специјалната едиција „Своч на Кирилица“, која Божиновски ја реализира по повод триесетгодишнината од независноста. Сите часовници кои ќе бидат издадени ќе имаат колекционерска вредност и ќе бидат достапни во ограничена симболична количина од 30 парчиња, а продажбата ќе се одвива преку аукција на 16.12. Средствата собрани од наддавањето ќе се употребат за формирање на фондација, која ќе се грижи и стипендира млади креативци од Македонија.

Дениција Дениција

„Веб страната Своч на кирилица покрај информациите за проектот и секој нов часовник, претставува и платформа каде уметниците, дизајнерите и воопшто сите креативци можат да предложат дизајн, а ние ќе ги контактираме оние чие решенија ќе бидат доволна провокација за да станат потенцијални решенија за следниот часовникот“, објаснуваат од Божиновски.

Платформата „Своч на Кирлица“ има за цел да ги мобилизира и поддржи креативците од Македонија и преку нивната креативна енергија, да го обои времето кое доаѓа со повеќе шаренило, среќни и убави моменти.

„Целта ни е да имаме една затворена приказна, да создадеме уникатна колекција на часовници, користејќи го креативниот потенцијал на нашата земја, а заедно со нашите ценети клиенти, симболично да дадеме поддршка за поттикнување на кретивноста кај младите, преку реализирањето на оваа уникатна колекција на Swatch часовници. Воедно ја потенцираме посебноста на овој проект, кој како долгорочна замисла за афирмирање на креативци во една земја е единствен во светот“, објаснуваат од Божиновски.

Дениција

Ексклузивна можност за купување на часовниците преку аукција имаат членовите на „Лојалната програма“ на Божиновски, а средствата собрани од аукциите ќе бидат донирани за поддршка на младите македонски уметници. Сите кои ќе станат горди сопственици на ова лимитирано издание наречено Дениција, ќе добијат подарок од Божиновски – вредносен ваучер од 5.000 ден, за учество при купување на лимитираната уметничка слика - со истиот мотив од познатиот илустратор Зоран Кардула.

Повеќе за целиот проект и создавањето на Дениција на интервуто со првиот човек на Божиновски.

Tags
Божиновски часовници и накит

Најнови

  • Зоран Кардула

    „Ерато ни отвори еден нов свет во кој нема злоба, нема лаги“: Зоран Кардула отворено за аутизмот на ќерката и специјалната елка

    Sat, 01/10/2026 - 19:15
  • Турската актерка Мерјем Узерли го прослави 5-тиот роденден на ќеркичката Лили со забава инспирирана од „Toy Story“

    Fri, 01/09/2026 - 14:22
  • Никол Шерцингер

    Никол Шерцингер како принцеза во жолта креација од Зухаир Мурад во Дизниленд

    Fri, 01/09/2026 - 14:10
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.