• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Сингл

Уметноста на флертувањето

28 јануари 2010, 09:22
  • cподели

Флертувањето е уметност и тоа една од најстарите. Во минатото, убавите жени ја учеле за да можат да дојдат до власт, за да заведат еден маж само со еден поглед и тој да изгуби рамнотежа. Ако сте го гледале „Мемоарите на една гејша“, тогаш знаете дека способноста за флертување е моќ, а да не ја забораваме и Клеопатра. Флертувањето е неопходно да го освоите мажот на својот живот, да му го задржите интересот додека сте во врска и да го принудите да копнее по вас до крајот на животот.

ФлертувањеФлертувањето секогаш започнува со поглед.

Секоја жена може да флертува, едноставно треба да го најде соодветниот начин. Треба да знае да ја истакне својата женственост, да најде умереност и на неодолив начин да привлече даден маж да ја посакува.

Флертувањето започнува однатре. Знаејќи ги своите добри особини и користејќи ги како основа, флертувањето е уметност на тивка самодоверба.

Секој човек е различен, па за секој флертувањето добива различно значење.

  • Јавно невино флертување. Секојдневно сите флертуваат на еден или друг начин. Постојат ситуации кога можеби не сфаќате дека флертувате. Нежна насмевка на мажот што ја задржал вратата за да влезете, пријатен елегантен поздрав на згодниот колега. Или пак ситуации кога станувате мета на флертувањето – комплимент за вашиот изглед. Сите луѓе уживаат во ваквите односи и продолжуваат секојдневно да ги создаваат. Јавното флертување е невино, но доставува задоволство, ја зголемува самодовербата и ја прави комуникацијата позабавна.
  • Умислено флертување еден-на-еден. Секојдневното невино флертување не е воопшто толку тешко и возбудливо како умисленото флертување еден-на-еден. Може да се каже дека овој тип на флертување дека е вистинскиот тест за да проверите дали сте ја совладале уметноста на флертувањето. Се користи од жените со статус сингл за да го привлечат вниманието на мажот кој им се допаѓа и да му го олеснат патот, од жените во сериозна врска за да ја одржат искрата и од мажените жени за да го одржат семејниот оган.

Непишани правила на флертувањето

ФлертувањеЗа успешен флерт жената треба да знаe кога да се повлече и да му ја препушти улогата на ловец на мажот.
  • Совршен тајминг. Постојат многу тактики за флертување и вие можете да ги совладате сите, но ако не знаете да го изберете тајмингот, не очекувајте успешен флерт. Оценете ја правилно ситуацијата во која се наоѓате и оценете дали местото е соодветно, затоа што ако направите погрешна проценка, ризикувате да создадете непријатна напнатост и да оставите погрешен впечаток. Тоа е исто како лавицата кога лови. Таа набљудува, прави проценка и го прави својот прв чекор само кога мисли дека е најпогодниот момент.
  • Тактиката напад-повлекување е во срцето на флертувањето. Се користи и од мажите и од жените за да создаде возбуда. Динамична тактика со која прво се оди чекор напред со давање внимание, потоа чекор назад и повлекување, па пак чекор напред – контакт со очите, прекинување на тој контакт, потоа повторно враќање во игра со заводлив поглед. Првиот поглед не мора да значи почеток на флертот, но вториот означува старт на играта. Флертувањето секогаш започнува со поглед. После тоа можете да продолжите со флертување со уста, со насмевка, со зборови, со пијалокот и сл. Можностите се бесконечни, но воспоставувањето на контакт со очите е задолжителниот почеток.
  • Во умереноста е клучот. Скоро и да не постои маж на планетата кој што може да ѝ одолее на шармантна жена која решила тој да биде центар на нејзиното флертување. Но, за да го задржите неговиот интерес, треба да знаете кога да се повлечете назад. Дури и вие да сте ја започнале играта на гонење, во одреден момент треба да му ја препуштите таа улога нему. Вие треба да сте кралица на умереноста. Да знаете каде е границата и никогаш да не стапнете преку неа.
  • Префрлање на топката. Овој дел од флертувањето ќе одлучи дали имате успешен флерт или не. Колку и да сакаат да флертуваат и да бидат лавицата, жените многу повеќе сакаат да бидат гонети и освојувани. Како што кажавме, кога вие сте го започнале флертот, доаѓа момент кога треба да му ја префрлите топката. Како ќе го препознаете тој момент? Едноставно, ќе го видите во неговите очи. Кога тој ве голта со поглед, кога тој се обидува да ви го задржи вниманието, кога сте сигурни дека влегол во вашата мрежа, тогаш дајте му тој да ја предводи играта. Дозволете да бидете освојувана.

Научете да флертувате со стил и без да изгледате очајно, и ќе бидете неодоливи. Флертувањето е како возење велосипед, ако еднаш го усовршите, засекогаш ќе го владеете.

Tags
сингл
флерт

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.