• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

„Твојот „обичен“ ден е нечија најголема молитва“: Марко Пејчиновски со моќна порака која ќе ве замисли

23 јули 2026, 15:25
  • cподели
Марко Пејчиновски

Марко Пејчиновски испрати моќна порака и ќе ве натера да се запрашате колку сте всушност среќни со самото тоа што имате „нормален“ живот.

Младиот Охриѓанец, кој со својата животна приказна инспирира илјадници луѓе, преку објава на социјалните мрежи потсети колку често ги земаме здравјето, времето и секојдневните работи „здраво за готово“.

Дваесетгодишниот спортист, кој уште на 12-годишна возраст го преплива Охридското Езеро и со години покажува дека упорноста е посилна од сите животни препреки, преку видео ги повикува луѓето да бидат поблагодарни за она што го имаат.

„Мојот живот е премногу тежок.“ – 53 милиони луѓе во моментов се борат со рак.

„Зошто сите лоши работи ми се случуваат мене?“ – 43 милиони луѓе се слепи и не можат да го видат Божјото создание.

„Ќе почнам од утре.“ – 170.000 луѓе нема да го дочекаат утре.

„Не ми се допаѓа што има за вечера.“ – Секој единаесетти човек синоќа си легнал гладен.

„Твојот 'обичен' ден е нечија најголема молитва. Биди благодарен за сè“.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Marko Pejchinovski (@markopejchinovskiofficial)

Во интервју за Фемина, Марко неодамна искрено зборуваше и за најтешкиот период во својот живот, загубата на мајка му, која, како што раскажа, била неговата најголема поддршка и инспирација.

„Тоа што прерано си замина не ја спречи мајка ми да ме научи на многу вредни нешта. Најважното нешто што ме научи, а кое и денес ме води низ животот, е верата во Бога. Не ме натера со сила да верувам, ми го покажа патот, а јас цврсто зачекорив по него. Знам дека и јас на ист начин ќе ги учам моите деца“ - изјави тогаш Пејчиновски.

Tags
Марко Пејчиновски

Најнови

  • Среќен татко: Адријан Гаџа ги објави првите фотографии со бебенцето

    Thu, 07/23/2026 - 15:45
  • Марко Пејчиновски

    „Твојот „обичен“ ден е нечија најголема молитва“: Марко Пејчиновски со моќна порака која ќе ве замисли

    Thu, 07/23/2026 - 15:25
  • Нема да ви се верува што се случи претходно

    Светска премиера на македонскиот филм „Нема да ви се верува што се случи претходно“ со Никола Ристановски, Дарја Ризова и Сашко Коцев

    Thu, 07/23/2026 - 14:58
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.