• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Триглав Осигурување донираше опрема на ЈЗУ Специјална Болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ – Чаир

24 декември 2021, 15:40
  • cподели

Триглав Осигурување донираше опрема на ЈЗУ Специјалната Болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“-Чаир. Донацијата има за цел поддршка на јавното здравство и унапредување на услугите, кои што болницата ги обезбедува за своите пациенти.

Триглав Осигурување даде поддршка на Специјалната Болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“-Чаир, со донирање на гинеколошки кревет за третман и преглед, со цел да ѝ овозможи на оваа здравствена установа да ги унапреди условите за работа, како и да ја подобри услугата, којашто болницата ја обезбедува за своите пациенти.

Триглав Осигурување донација

„Превентивата во секој сегмент од нашиот живот е приоритет за нас во Триглав Осигурување. Сметаме дека таа придонесува кон побезбедна иднина за сите нас, иднина, за која што можеме да планираме и да сонуваме. Токму затоа, нашиот фокус на здравственото осигурување, посветеноста и промоцијата на здрав начин на живот и воопшто, подобрувањето на условите во здравството е од толку големо значење. Искрено се надеваме дека со оваа донација придонесовме кон подобар квалитет на услуги на болницата, и секако ќе продолжиме и натаму да го помагаме овој витален сегмент од нашето општество”, изјави во оваа прилика Главниот извршен директор на Триглав Осигурување, г. Ѓорѓе Војновиќ.

Триглав Осигурување донација

„Не помалку значаен е фактот дека со обезбедување на нов гинеколошки кревет за третман и преглед на одделот за ургентна гинекологија, одделот ќе може да ја покрива патологијата која ја третира и во вечерните часови, не префрлувајќи ги тогаш пациентките за евалуација на оперативниот оддел. На тој начин ќе се намали раздвижувањето на пациентките, што во услови на пандемија е исклучително важно, ќе се намали вознемиреноста и ќе се обезбеди поголема дискретност за пациентките и конечно, ќе се почитува и принципот на немешање на патологија меѓу одделенијата. Со обезбедувањето на овој стол, непречено ќе можат да се изведуваат голем број на дијагностички и терапевтски постапки”, изјави во оваа прилика Д-р.сц.мед Башким Исмаили, директор на ЈЗУ Специјална Болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“- Чаир.

Tags
Триглав

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.