• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Промо

Триглав ја задржа цврстата капитална позиција и високата добивка за време на пандемијата

14 септември 2021, 13:32
  • cподели

S&P ја потврди висока бонитетна оценка »A« со стабилна среднорочна прогноза

Агенцијата за кредитен рејтинг S&P Global Ratings (во продолжение S&P, или агенција), по извршениот редовен годишен преглед, на ден 13. 9. 2021г. на Групацијата Триглав, а со тоа и на нејзиното матично друштво и на друштвото ќерка Позаваровалница Триглав РЕ, повторно им ги потврди долгорочната кредитна оценка и бонитетната оценка на финансиска моќ »A« со стабилна среднорочна прогноза. Високиот рејтинг е одраз на солидната капитализираност на Групацијата Триглав и на нејзиното стабилно, профитабилно работење, поддржано од дисциплинирано преземање ризици во осигурување, користење сигурна заштита преку реосигурување и економијата на опсег, како и други предности на доминантната пазарна позиција во регионот и во Словенија. Кредитниот рејтинг »A« потекнува исклучиво од самостојниот профил на кредитен ризик на Групацијата.

S&P во својот извештај потврдува дека профилот на деловниот ризик на Групацијата Триглав е силен, додека профилот на финансиски ризици е многу силен. Смета, дека водечката позиција на словенечкиот пазар на Групацијата Триглав и овозможува спроведување на економии на опсег, што ги надополнува со користење на реномираниот бренд, разновидна понуда и регионално развиена продажна мрежа. Наведува дека Групацијата со својот фокус на клиентите обезбедува профитабилно работење во двете дејности, осигурувањето и управувањето со средства. Притоа, наведено е дека дисциплинираноста при преземањето на ризиците на осигурување е клучен темел за успешно работење на Групацијата Триглав во тешките услови минатата година и првата половина од 2021 година поради пандемијата.

S&P оценува, дека профилот на ризик на Групацијата Триглав е стабилен и дека е поврзан со конзервативната инвестициска политика и ефективна реосигурителна заштита. Успехот на ефективната реосигурителна заштита се потврди и во 2020 година, наспроти поинтензивните природни масовни штети (земјотресот во Хрватска и бурите со град на три пазари). Инвестициското портфолио го оценува како високо квалитетно и со добра распространетост, претежно во евро зоната. Ризиците од гарантираното осигурување на живот се ограничени и ублажени преку соодветно управување на резервациите.

Среднорочната прогноза за кредитен рејтинг ги одразува очекувањата на S&P дека Групацијата Триглав ќе продолжи успешно да ја спроведува својата деловна стратегија најмалку во следните две години, со акцент на растот и понатамошната диверзификација на работењето. Агенцијата очекува, дека и покрај пандемијата и промената на економскиот циклус, Групацијата Триглав ќе задржи силна, стабилна добивка и висока капитализираност, што во идните две до три години ќе ги исполни критериумите за оцената »AA«.

Комерцијален текст

Tags
Триглав

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.