Три месеци по смртта на татко му, почина и мајката на пејачот Дарко Илиевски: „Кажете им на родителите дека ги сакате“
Дарко Илиевски е скршен од болка поради смртта на родителите, кои ги изгуби во период од три месеци.
Македонскиот пејач објави дека почина и неговата мајка. Тој сподели фотографија со неа и испрати моќна порака до сите кои сè уште ги имаат своите родители:
Драги пријатели. Со голема болка ве известувам дека денес си замина и мајка ми… болката е преголема, тишината боли! Ми замина најголемата љубов 😢. Мамo, те сакам најмногу! Чувајте се со Тато.
Доколку сè уште ги имате своите родители, застанете една минута, јавете им се и кажете им дека ги сакате… еден ден ќе немате можност да го направите тоа!!!!
Таткото на Дарко почина кон средината на август оваа година. Музичарот, кој сега живее во САД, тогаш сподели дека успеал да се врати навреме за да се видат за последен пат.
Почивај во мир, татко мој. Ти беше мојот најголем пример за сила, чесност и борба. Секогаш ќе ја паметам твојата добрина и твојата жртва за нас. Засекогаш ќе ми недостасуваш – стои во објавата на Дарко за татко му.