• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Три години по самоубиството на нејзиниот сопруг Твич, Алисон Холкер се вери со саканиот

13 февруари 2026, 10:40
  • cподели

Три години по самоубиството на нејзиниот сопруг, познатиот танчер и диџеј Стивен Бос – Твич (tWitch), Алисон Холкер повторно пронајде љубов.

Американската танчерка објави дека се вери со Адам Едмундс на својот 38-ми роденден, по речиси две години врска. Алисон сподели и дел од фотографиите од романтичниот предлог за брак.

45-годишниот извршен директор ѝ приредил неочекувана роденденска забава, која се претворила во уште поголемо изненадување – предлог за брак. Опкружен со црвени рози, тој клекнал на едно колено и ѝ го поставил судбоносното прашање.

Се веривме! 

Тоа беше најромантичната ноќ во мојот живот!

Толку многу те сакам, Адам. Засекогаш ќе бидам благодарна што те имам и за влијанието кое го имаш во мојот и во животоите на моите деца. Поради тебе сум подобра личност. Ми помогна повторно да се пронајдам и ми покажа како да сакам. Секое утро се будам чувствувајќи се сигурно, знаејќи дека ти си мојата личност покрај мене. Најголемиот благослов е што ти и твоите деца влеговте во нашите животи...

Те сакам, Адам ❤️

Веста за веридбата доаѓа три години по смртта на Твич, кој изврши самоубиство во декември 2022 година на 40-годишна возраст. Холкер и Бос беа во брак од 2013 година и имаат три деца.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Stephen tWitch Boss (@sir_twitch_alot)

Таа никогаш не го заборави својот сопруг. На 3-годишнината од неговата смрт, Холкер објави видеа на кои танцуваат заедно и напиша:

Те почитуваме и ги чуваме сите наши прекрасни спомени со тебе. Сакавме да се смееме, да создаваме и да танцуваме заедно. Ќе те сакаме засекогаш ❤️❤️

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Allison Holker (@allisonholker)

Tags
Твич
Алисон Холкер

Најнови

  • „Не ти стои“ – спотот за првиот соло сингл на Јован Јованов по 17 години

    Fri, 02/13/2026 - 11:14
  • Три години по самоубиството на нејзиниот сопруг Твич, Алисон Холкер се вери со саканиот

    Fri, 02/13/2026 - 10:40
  • Шармантна и во шестата деценија од животот: Нина Бадриќ го објави новиот албум „Moji ljudi“

    Fri, 02/13/2026 - 09:23
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.