Трагедија во Венеција: Млад брачен пар кој го очекувал првото дете загина при судир со такси на вода
Само три месеци откако си го кажаа судбоносното „Да“, млади брачни партнери од Италија трагично ги загубија животите во страшна несреќа во Венецијанската Лагуна.
25-годишниот Шон Микиели и неговата бремена 26-годишна сопруга Габриела Кверино биле во мало рибарско чамче во раните утрински часови на 12 септември, кога дошло до судир со такси на вода. По ударот, нивното чамче потонало и двајцата завршиле во водата.
Шон, кој работел како ловец на школки, бил извлечен од лагуната со тешки повреди и итно бил пренесен во болница. За жал, и покрај лекарските напори и операцијата, следниот ден починал.
Бремената Габриела исчезнала во матните води на лагуната.
Во првите часови по несреќата не било веднаш потврдено дали таа била во чамецот. Но, во остатоците од пловилото биле пронајдени нејзината чанта, документи и лични предмети.
Спасувачките екипи со денови трагале по младата трудница. Во потрагата биле вклучени нуркачи, хеликоптер и водни скутери, но силните струи, матната вода и високото ниво на водата дополнително ја отежнувале акцијата.
Нејзиното тело било пронајдено три дена по несреќата.
Вљубените партнери се венчале на 8 јуни во Венеција. Биле неразделни, а семејството верува дека и тој ден заедно тргнале со чамецот за да бараат мамка за риболов.
Истрагата треба да утврди како точно дошло до судирот. 38-годишниот возач на таксито на вода е под истрага. Тој тврди дека пред ударот не го забележал малото чамче и дека само го почувствувал ударот.
Според неговата верзија, чамецот ненадејно му ја пресекол траекторијата, по што не успеал да го избегне судирот. Тој, исто така, рекол дека веднаш застанал и ги повикал спасувачките служби.
Scomparsa Querino e Michieli, Sambo (Pd): “Profondo dolore per il ritrovamento di Gabriella. Un sentito ringraziamento ai soccorritori” https://t.co/mWzO1pOjvn https://t.co/9S3JMg3Fqc
— CR Veneto (@Consiglioveneto) September 15, 2026