Волшебна комбинација на ароми, декадентен микс на вкусови и интригантен спој на текстури. Фантастичната торта Lino Lada Gold е незаменливо слатко искушение кое ќе го паметите долго време и ќе го посакувате со сласт.
Со оглед на тоа што ветува дека ќе биде беспрекорна причина за „wow“ ококорени очи, навистина вреди да издвоите време за да ја склопите.
Состојки
| 100 гр | Lino Lada Gold |
За пандишпан
| 300 гр | крупно мелени лешници |
| 300 гр | шеќер во прав |
| 10 | белки од јајца |
За централна кора
| 5 | белки |
| 200 гр | шеќер |
| 3 лажици | брашно |
| 90 гр | крупно мелени лешници |
За темен крем
| ½ л | млеко |
| 60 гр | шеќер во прав |
| 50 гр | пудинг од чоколадо Dolcela |
| 125 гр | Lino Lada Gold |
| 125 гр | путер |
| 50 гр | изматена слатка павлака |
За бел крем
| ½ л | млеко |
| 60 гр | шеќер во прав |
| 40 гр | пудинг од ванила Dolcela |
| 50 гр | кокос |
| 125 гр | Lino Lada Milk |
| 125 гр | путер |
Подготовка
- Загрејте ја рерната на 160°C.
- Пандишпан: Измиксирајте ги белките со половина од шеќерот. Потоа додајте го останатиот дел од шеќерот во кој се измешани и лешниците. Поделете ја смесата на два дела и печете 35 минути во кружни калапи со големина 26 на 160°C.
- Централна кора: Измиксирајте ги белките со половина од шеќерот. Потоа додајте го останатиот дел од шеќерот со лешниците и брашното. Печете ја смесата 45 минути во ист калап на 160°C.
- Темен крем: Тргнете настрана 6 лажици од млекото и во него измешајте ги шеќерот и пудингот. Другото млеко ставете го на оган. Штом ќе започне да врие, во него ставете ја смесата со пудингот. Оставете го пудингот да се олади. Во длабок сад разбијте го со миксер путерот со Lino Lada Gold. Додајте го изладениот пудинг и на крајот измешајте ја и слатката павлака.
- Бел крем: Тргнете настрана 6 лажици од млекото и во него измешајте ги шеќерот, пудингот и кокосот. Другото млеко ставете го на оган. Штом ќе започне да врие, во него ставете ја смесата со пудингот. Оставете го пудингот да се олади. Во друг сад разбијте го путерот со Lino Lada Milk и потоа соединете го со пудингот.
- Првиот пандишпан премачкајте го со околу 3 лажици бела крем, а потоа и со темна. Поставете ја централната кора и премачкајте ја со 100 грама Lino Lada Gold, потоа со бела и со темна крем. Ставете го вториот пандишпан и завршете со слоеви од бела, па темна крем.
- Декорирајте по желба. Ние избравме чоколаден финиш со елегантни златни елементи и искршени печени лешници.
