• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Ти си маестро, маестро мој“: Игор Џамбазов емотивен на годишнината од смртта на татко му Александар Џамбазов

25 јануари 2026, 19:45
  • cподели

Игор Џамбазов со огромна доза на емоции и носталгија се потсети на неговиот татко, легендарниот композитор и диригент Александар Џамбазов.

Македонскиот актер сподели трогателни зборови кои допреа до срцата на неговите многубројни пријатели и обожаватели, потсетувајќи нè дека некои луѓе никогаш не заминуваат и продолжуваат да живеат низ спомените и гените на своите наследници.

62-годишниот писател сподели извадок од неговата книга „Облечен човек“, во кој на најискрен начин ја опишува својата физичка трансформација и сличноста со татко му која ја забележува секое утро во огледалото.

Маестро Александар Џамбазов

Денес се навршуваат четири години од заминувањето на мојот татко Александар.
Ова е дел од приказната за него во мојата книга "Облечен човек".

"Од пред некое време, наутро, кога ќе застанам пред огледалото, како да го гледам него. Особено кога имам на себе неколкудневна брада, јас и изгледам исто како него. И тоа е можно.

До својата 50-та година личев на примероците од „велешката сорта“, а оттогаш па наваму, со невидена брзина станувам примерок на „штипската крв“.

Татко ми Џамбаз е човек што вреди да го имаш за татко. Единствен примерок.

Татко ми Џамбаз целиот свој живот се жали дека никогаш не бил свој. Секогаш бил во нечија сенка. Се разбира дека тоа не е така.
„Прво бев сопруг на Анче, па зет на Петре Прличко, а сега сум татко на Игор. А јас? Па што сум тогаш јас?“

Ти си маестро, маестро мој.“

Александар и Игор Џамбазов

Игор објави и снимка од „Златна бубамара“ кога за татко си рече:

Човекот кој живееше во своите спомени во последните 27 години и на секоја ама буквално на секоја средба ми викаше: Синко запамти, спомените се единствената оаза на овој свет од која не можеме да бидеме протерани. Живејте со спомените, со оние убавите секако.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Златна Бубамара (@zlatnabubamara)

Игор Џамбазов со татко си и сестра си
Tags
Игор Џамбазов
Александар Џамбазов

Најнови

  • dm во Гевгелија

    dm отвора нова продавница во Гевгелија на 28 мај

    Tue, 05/26/2026 - 13:46
  • Матуранти од Задар ѝ подарија автомобил на класната, која е самохрана мајка и зад себе има тешка битка со рак

    Tue, 05/26/2026 - 13:37
  • Џеси Џеј

    Немам веќе рак, плачев со часови: Џеси Џеј сподели дека го победи ракот на дојка

    Tue, 05/26/2026 - 13:25
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.