• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Мода

„Ти го исполнивме сонот“: Се одржа ревија со фустани направени според цртежите на девојка убиена во „Владислав Рибникар“

15 април 2024, 09:46
  • cподели

Викендов, се одржа ревија со креации создадени според цртежите на едно од убиените девојчиња во ОУ „Владислав Рибникар“.

Во рамките на Модната недела во Белград беа прикажани фустаните креирани според цртежите на покојната Ангелина Аќимовиќ, која настрада при масакрот од страна на 13-годишниот Коста. Присутните го гледаа модното шоу со силни емоции и солзи во очите.

Ангелина Аќимовиќ Ангелина Аќимовиќ Ангелина Аќимовиќ Ангелина Аќимовиќ

Ангелина беше талентирано девојче кое имаше направено бројни цртежи од фустани и сонуваше еден ден да стане модна дизајнерка. Во нејзина чест, семејството ја создаде „Фондацијата Ангелина“.

Во создавањето на креациите учествуваа 25 талентирани српски дизајнери и модни брендови. Ревијата ја отворија двете сестри на Ангелина, Марија и Јелена, а фустани носеа и девет нејзини другарки. Тие ќе ги добијат фустаните како подарок.

„Сонуваше за своја модна колекција и ревија и ѝ го исполнивме нејзиниот сон. На најголемиот моден настан во Србија, Модната недела, се одржа ревијата „Фустаните на Ангелина“, според скиците на нашата драга Ангелина. Покрај манекенките, на пистата во фустаните прошетаа и другарките на Ангелина, кои наскоро ќе бидат матурантки, како и нејзините сестри Марија и Јелена кои ја отворија ревијата“ – стои на Instagram профилот на „Фондацијата Ангелина“.

Ангелина Аќимовиќ Ангелина Аќимовиќ Ангелина Аќимовиќ Ангелина Аќимовиќ Ангелина Аќимовиќ Ангелина Аќимовиќ
View this post on Instagram

A post shared by PRINCIP MAGAZIN (@principmagazin)

Пред да започне ревијата, говор одржа Горица Роксандриќ, професорката по моден дизајн на Ангелина.

„Ангелина беше едно весело, насмеано дете кое полно со среќа доаѓаше на секој час по дизајн. За нејзиниот талент не сакам многу да зборувам, за тоа говорат овие модели кои ги нацртала кога имала само 10 години. Им се заблагодарувам на сите дизајнери кои проникнаа во сржта на нејзината инспирација и во нејзините идеи, кои вечерва ги оживеавме“ – рече таа.

Меѓу присутните на модниот настан беше и првата дама на Србија, Тамара Вучиќ. Таа сподели фотографии и напиша:

„Колку само беше таа талентирана! Ангелина Аќимовиќ! Посебно емотивна вечер во која никој од нас не можеше да си ги скрие солзите. Семејството Аќимовиќ одлучи да го негува сеќавањето на својата ќерка Ангелина и сите жртви на трагичниот настан преку благородна мисија во која ќе им пружи поддршка на младите таленти“.

Ангелина Аќимовиќ Ангелина Аќимовиќ Ангелина Аќимовиќ Ангелина Аќимовиќ Ангелина Аќимовиќ Ангелина Аќимовиќ Ангелина Аќимовиќ Ангелина Аќимовиќ Ангелина Аќимовиќ
View this post on Instagram

A post shared by Fondacija Angelina (@angelinafondacija)

View this post on Instagram

A post shared by Fondacija Angelina (@angelinafondacija)

Ангелина почина на 14-годишна возраст, како една од жртвите во масакрот кој се случи на 3 мај 2023 година.

Ангелина Аќимовиќ

Фотографии: Instagram/ Fondacija Angelina, Tamara Vučić

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.