„Ти благодарам за секоја година љубов“: Жељко Бебек слави 24-годишнина од бракот со 34 години помладата сопруга
Поминаа точно 24 години откако Жељко и Ружица Бебек се заколнаа на вечна љубов.
80-годишниот пејач и неговата 34 години помлада сопруга ја прославуваат 24-годишнината од бракот. По тој повод, Жељко објави албум со фотографии на социјалните мрежи, а во описот напиша:
„Моја Ружице, прославивме уште една заедно! Ти благодарам за секоја година љубов, смеа и за сè најубаво што е наше. ❤️ 24 || 6.4.2002“.
Љубовната приказна на Жељко и Ружица започнала пред повеќе од две децении, кога се запознале во дискотека во Посушје. Таа тогаш имала само 18 години, а тој 52. Првиот контакт бил сосема случаен, бидејќи тогаш Ружица само му побарала заедничка фотографија.
Судбината повторно ги споила на концерт во Томиславград, каде што си ги размениле телефонските броеви и започнале да комуницираат.
На почетокот биле пријатели, но со текот на времето сфатиле дека не можат еден без друг. И покрај разликата од 34 години, нивната врска прераснала во стабилен и хармоничен брак.
Тие заедно имаат две деца, ќерка и син.