• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Ти благодарам што жртвуваше толку многу за нас“: Анастасија Ражнатовиќ со емотивна објава на роденденот на Цеца

15 јуни 2026, 12:39
  • cподели

Цеца Ражнатовиќ вчера го прослави својот 53-ти роденден. Меѓу многуте честитки кои ги доби, специјално место зазеде пораката од нејзината ќерка Анастасија.

Преку зборови полни со љубов и благодарност, 28-годишната пејачка ѝ се заблагодари на мајка си за сите жртви, непроспиени ноќи и безрезервната поддршка низ годините, истакнувајќи дека токму таа е заслужна за личноста која е денес.

Анастасија објави и фотографии од своето детство.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Anastasija Gudelj (@raznatovicanastasija)

Нејзината порака започнува со стихови од познатиот хит „Ocean“ на Керол Џи, прочитајте ја:

Се чувствувам голема поради тебе, и макар и да се обидам, не би можела без тебе, сета моја среќа е благодарение на тебе, а ако умрам, би се вратила поради тебе... ❤️ 

Чао мама! Денес те славиме тебе и денот кога дојде на овој свет и сакам да ти се заблагодарам за неколку работи:

Ти благодарам за сè што направи за нас. Ти благодарам што секогаш беше збор на поддршка, а не на осуда. Ти благодарам што жртвуваше толку многу, и од својата младост и од животот, поради нас. Ти благодарам што секогаш бевме приоритет, дури и кога тоа значеше дека ти ќе изгубиш нешто. Ти благодарам за секоја грижа, непроспиена ноќ и несебична љубов што ни ја даваш од денот кога дојдовме на овој свет. Ти благодарам што нè научи на вистинските вредности и што израснавме во луѓе какви што сме денес. Ти благодарам што секогаш нè насочуваше кон верата и кон Бога. Ти благодарам за сè што си, што беше и што ќе бидеш...

Се радувам на секоја нова животна етапа што нè чека, бидејќи среќа е да се поминува овој живот заедно со тебе! Те сакам засекогаш и ти посакувам секогаш да бидеш среќна, а твојата ќерка е секогаш тука за тебе, го знаеш тоа! Среќен роденден мама!

Покрај Анастасија, Цеца го има и синот Вељко од бракот со Жељко Ражнатовиќ – Аркан.

Tags
Анастасија Ражнатовиќ
Цеца Ражнатовиќ

Најнови

  • Премиера на „Руини“ во Шангај

    Полна сала и гласни аплаузи на светската премиера на филмот „Руини“ на Елена Чемерска во Шангај

    Mon, 06/15/2026 - 13:49
  • Драган Б. Костиќ

    „За мене секогаш ќе остане човекот со најубавата насмевка“: Емотивно интервју со Елена, ќерката на Драган Б. Костиќ

    Mon, 06/15/2026 - 13:15
  • „Ти благодарам што жртвуваше толку многу за нас“: Анастасија Ражнатовиќ со емотивна објава на роденденот на Цеца

    Mon, 06/15/2026 - 12:39
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.