• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Ти беше љубов во секој здив“: Весна Петрушевска емотивна на 43-тиот роденден на Тоше Проески

25 јануари 2024, 11:45
  • cподели

Весна Петрушевска со тешко срце се сеќава на својот пријател Тоше Проески на секој важен ден од неговиот живот.

Денес, ако беше жив, нашиот прерано починат пејач ќе наполнеше 43 години и сè уште ќе ни ги разубавуваше деновите со неговиот милозвучен глас.

Весна Петрушевска и Тоше Проески

Токму на овој ден, Петрушевска објави емотивен пост со компилација од нивни заеднички фотографии. Таа го посети семејството на Тоше во Крушево и напиша порака:

Уметноста без љубов е ништо. Ти беше љубов во секој здив, во секој поглед, во секое шушкање на ветерот. Таа твоја љубов ја остави како аманет, како зрно, како светлина.

Ги видов твоите после долги години, собрав храброст и појдов. Се мириса на тебе, онаа десна врата од собата каде се смеевме сега е полна со твои слики и има многу топлина. Мајке сè уште ја прави најубата баклава на светот, тато Никола го има твојот свет во очите, а кога ги гледав дланките на Кристијан тоа беа твоите дланки, исти. Однесов за тебе за душа, за роденденот. Ти знаеш дека се гледаме 3-4 пати годишно насамо и бегам назад.

Сега срцето грутка. Мама и тато ти се крепат и се многу достоинствени. Непребол. Мајке ја има онаа насмевка која многу е твоја. Ми вели: „17-та тераме". На влезот има една огромна фотографија со тебе и Дори. Таму сте најубави. Од секаде грееш, од секое ќоше шепкаш нешто како знаеше само ти. Ми недостасува тоа шепотење и кикотење за на крај да прерасне во едно гласно смеење. Денес е денот на твоето раѓање.

43. Те сакам до небото и назад.

View this post on Instagram

A post shared by Vesna Petrushevska (@vesnapetrushevska)

На Instagram профил од обожаватели на Тоше, беа споделени фотографии за неговиот роденден направени во Крушево.

Тоше Проески Тоше Проески Тоше Проески Тоше Проески

Најнови

  • Нела Манческа

    Македонката Нела на високото 7. место на Јуниорската Евровизија, победи Франција

    Sat, 12/13/2025 - 19:32
  • Петар Денковски

    Спектакуларно отворање во Гевгелија: ЏАМБО и ВЕРО станаа новата омилена дестинација во „Gevgelija Mall“

    Sat, 12/13/2025 - 18:51
  • Нела Манческа на Јуниорската Евровизија

    Браво! Моќниот настап на македонската претставничка Нела на Јуниорската Евровизија

    Sat, 12/13/2025 - 17:52
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.