• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Тест за одредување на типот на кожа

12 ноември 2017, 23:15
  • cподели
Еуцерин

1. Дали го миете вашето лице со обичен сапун?


а. не, никогаш
б. ретко
в. 1-2 пати неделно
г. да, секој ден

2. Како ја чувствувате кожата на лицето кога ќе ја измиете со млака вода?


а. непријатно, сува е и ме затега
б. кога е топло е во ред, кога е ладно се случува повремено кожата да ми е сува
в. добро, но на делови (Т-зона) имам чувство дека имам вишок маснотии
г. се уште го чувствувам вишокот на маснотии на лицето

3. Дали вашата кожа има потреба за нега со крем за лице?


а. да, секој ден
б. да, но кога сум дома може да се случи да заборавам да ставам
в. 1-2 пати неделно
г. не, никогаш

Еуцерин

4. Дали имате вишок маснотии на вашето лице?


а. не, никогаш
б. ретко
в. да, во предел на Т-зоната
г. да, секогаш и на цело лице

5. Дали имате/сте имале акни( комедони, бубулици, гнојаници)?


а. не, никогаш
б. ретко
в. да, но не биле сериозен проблем
г. да, имам/сум имала потреба од производи за нега на проблематична кожа

6. Која густина на крем најмногу ви одговара за нега?


а. помасни
б. со кремаста текстура
в. хидратантни
г. со мат-ефект, за нега на масна и проблематична кожа

7. Дали имате потреба од крем за нега навечер?


а. да, секогаш
б. периодично, обично кога надвор е ладно и ветровито
в. не, доволна ми е само утринската нега
г. не, никогаш

8. Дали имате видливи пори на кожата на вашето лице?


а. не, никаде
б. имам дискретни фини пори во предел на Т-зоната
в. да, во предел на Т-зоната
г. да, видливи и широки пори речиси на целото лице

9. Дали имате видливи брчки на кожата на вашето лице (за особи 25+)?


а. да, лесно ми се прават брчки
б. да, околу очите и устата
в. дискретни околу очите, ако често се смеам
г. речиси немам

Објаснување на прашалникот:

А. Ако имате најмногу одговори под а. значи дека имате сува кожа. Нечистотиите и шминката од вашата кожа најдобро е да ги отстранувате со млеко или млечна емулзија за чистење на лицето, а за нега ќе треба да изберете побогат крем кој ќе треба да ги задоволи потребите на кожата за замастување и хидратација. Сувата кожа многу често има потреба и од ноќен крем.

Б. Ако имате најмногу одговори под б. значи дека имате нормална кожа. Овој тип на кожа можеме ја чистиме во зимскиот период со млеко за отстранување на нечистотии, а во топлиот период со мицеларен раствор, кој ќе ја отстранува и шминката. Кремите за нега најдобро е да бидат од групата на производи за дневна нега за нормална и комбинирана кожа, а во зимскиот период и со ноќен крем.

В. Ако имате најмногу одговори под в. значи дека имате комбинирана кожа или кожа со Т-зона. Овој тип на кожа можеме ја чистиме во зимскиот период со мицеларен раствор, а во топлиот период со гел за миење лице или мицеларен раствор. Кремите за нега најдобро е да бидат од групата на производи за дневна нега за нормална и комбинирана кожа, потреба од ноќен крем нема, можеби повремено во ладниот зимски период.

Г. Ако имате најмногу одговори под г. значи дека имате масна кожа.

  • Ако масната кожа е без акни, можете ја чистите во зимскиот период со гел за миење лице или мицеларен раствор, а во летниот период со гел за миење лице. Кремите за нега најдобро е да бидат од групата на производи за комбинирана кожа или од групата за масна и проблематична кожа (обично се обележани со зелена боја) или да се направи комбинација од овие две групи.
  • Ако масната кожа е со акни, најдобро е негата да биде со производите од групата за масна и проблематична кожа, кои обично се обележани со зелена боја. Ноќен крем може да користат само од истата линија производи за масна и проблематична кожа. Кожата со акни бара и консултација со дерматовенеролог, кој ќе направи проценка дали има потреба од дополнително вклучување на лекови против акни, со цел побрзо и поефикасно отстранување на акните и стабилизирање на состојбата.

Од кои производи на Еуцерин можете да изберете зависно од вашата возраст?

18+ AQUAporin ACTIVE

25+ Q10 ACTIVE

30+ Hyaluron-Filler

40+ Volume-Filler

50+ Elasticity+Filler

Еуцерин

Комерцијален текст

Tags
Еуцерин
Eucerin

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.