• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Текст кој вреди да се прочита: Мајка со паста за заби ѝ одржа животна лекција на ќерка си

18 август 2016, 08:15
  • cподели

Текстот на Ејми Бет Гардер ќе ви одржи животна лекција. Иако бил наменет за нејзината ќерка, откако Ејми го објавила на Facebook, тој стана вирален хит со повеќе од половина милион споделувања.

Имено, вечерта пред 10-годишната Бреона да тргне во петто одделение, внимателната мајка одлучила преку пример да ја научи колку е важно да биде љубезна и добра со сите на училиште. Еве како:

Ејми Бет Гардер

Мојата ќерка утре тргнува во петто одделение. Ѝ го декориравме шкафчето, ѝ купивме униформа, дури и ја изненадивме со нов ранец. Но, вечерва, пред да си легне, направивме уште една предучилишна задача која е далеку поважна од сите останати. Ѝ дадов туба полна со паста за заби и ја замолив да ја испразни во чинија. Кога заврши, смирено ја замолив да ја врати целата паста во тубата. Таа започна да извикува нешта како: „Но, не можам“ и „Нема да биде како што беше претходно“, а јас тивко ја чекав да заврши и ѝ го реков следново:

„Ќе ја паметиш оваа паста до крајот на твојот живот. Твоите зборови ја имаат моќта на живот или смрт. Во текот на претстојните учебни години ќе видиш колку тежина имаат твоите зборови. Ќе имаш шанса да ги искористиш твоите зборови за да ги повредиш, понижиш, оцрниш и раниш другите. Исто така ќе имаш шанса да ги искористиш твоите зборови за ги утешиш, охрабриш, инспирираш и сакаш другите.

Одвреме-навреме ќе правиш лош избор. Можам да ти набројам трипати во текот на изминатата недела кога сум ги искористила немарно моите зборови и сум повредила некого. Исто како и оваа паста, откако еднаш зборовите ќе излезат низ твојата уста, не можат да бидат вратени. Користи ги зборовите внимателно Бреона. Кога другите малтретираат со зборови, ти задржи ги твоите. Секое утро избирај од твојата уста да излегуваат зборови кои даваат живот. Вечерва донеси одлука да бидеш давач на живот на училиште. Прослави се по нежноста и сочувството. Искористи го твојот живот за да му дадеш живот на светот кој толку очајно има потреба од него. Никогаш, ама никогаш нема да зажалиш ако избереш љубезност.“

Ејми и нејзиниот сопруг Пол имаат две ќерки кои се посвоени – Бриџит Дијана Гарднер која има 7 години и Бреона Стејси Гарднер која има 10 години. Процедурата за посвојување парот ја заврши пред една година.

Ејми Бет Гардер Ејми Бет Гардер Ејми Бет Гардер

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.