„Те молам престани да пееш, гледам цртан филм“: Петар Грашо раскажа интересна случка со ќеркичката Алба и Здравко Чолиќ
Децата се секогаш искрени и немаат чувство за тоа кој е „ѕвезда“, па дури и кога во нивниот дом гостуваат најголемите музички легенди на Балканот.
Петар Грашо ретко зборува за приватниот живот и семејството, но во последното интервју сподели неодолива и пресмешна анегдота за неговата тригодишна ќеркичка Алба, која без пардон го „искарала“ легендарниот Здравко Чолиќ.
„Таа мисли сите кои ќе дојдат кај нас дома дека нормално е да бидат познати. Здравко Чолиќ беше пред неколку месеци, Јелена Розга доаѓа, Нина Бадриќ беше. Таа не разбира дека луѓето кои се тука се и на телевизија, за неа е тоа нормално.
Пред неколку месеци, Здравко дојде кај нас дома, малку да се дружиме, Алба нормално има три и пол години, нема појма ништо. И Здравко почна нешто да пее и таа само излезе од куќата и викна: 'Те молам престани да пееш, гледам цртан филм'.
А јас го обожавав Здравко кога имав четири години, тој ми беше Бог. Да ми запееше мене на четири години дома, јас би умрел, а види ова мало дерле те брка. Слатка во секој случај“ - изјави Грашо.
Покрај забавната анегдота, хрватскиот пејач зборуваше и за својот воспитен пристап, нагласувајќи дека со сопругата Хана Хуљиќ сакаат да ѝ бидат само поддршка на малата Алба, но дека таа самата ќе мора да си го гради својот животен пат.
„Нема да ја тераме да мора да биде нешто што не сака. Но, она што полека ќе се определи дека сака, ќе ја научиме дека мама и тато секогаш ќе бидат тука, до одредена мера, да бидиме некој мал ветер во едрото, но нема да бидиме едрото. Ќе бидиме ветер во едрото, а таа ќе мора сама да го крева и да го спушта и да го управува тој брод“ - дополни хрватскиот пејач.
Петар и Хана имаат две деца, Алба и Тони.