• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Татко на 5 деца: „Посакувам да знаев колку љубов може да собере ова срце“

11 март 2015, 11:55
  • cподели

Џастин Риклефс е татко на четири девојчиња и едно момче кој на својот блог ги споделува своите искуства и емоции поврзани со татковството, брачниот живот и работата.

Како искусен родител, тој има што да им каже на новите мајки и татковци. Неговиот најнов текст е посветен на силната љубов која безгранично расте и владее во срцето на родителите.

Татко

За помалку од осум години, со мојата сопруга пет пати го повторивме враќањето дома од болница. За време на четири од тие патувања имавме женско бебе на задното седиште на автомобилот, а еднаш – новородено момче.

Иако тоа беа потполно различни искуства, за сите пет деца ме преплавуваа истите чувства. Осцилирајќи од паника до радост, од несигурност во себе до вчудоневиденост, од страв до љубов, емоциите ми беа хаотични за време на тие кратки патувања со автомобилот.

Но, со секое дете, без исклучок, мојот капацитет да сакам сè повеќе растеше. Посакувам да го знаев тоа пред да се роди нашата прва ќерка.

Се разбира, слушав за љубовта кон децата од добронамерни пријатели и членови на семејството кои ми велеа: „Само почекај и ќе видиш“, „Таа ќе те врти околу малиот прст“, „Светот ќе ти се преврти наопаку“. Но, додека тоа малечко не е твое, не можеш ни да претпоставиш што значи да сакаш свое дете и колку љубов твоето срце навистина може да собере.

Започнуваш да сфаќаш кога ќе ја промениш првата пелена, кога ќе го слушнеш првиот плач или кога ќе заспиеш на подот веднаш до бебешкото креветче.

Започнуваш да разбираш кога ќе го залепиш првиот ханзапласт, кога ќе ја избришеш првата солза или кога ќе го гледаш првото шиење на рана.

Добиваш претстава за тоа за време на забавите со танцување во дневната соба, мечувањата во дворот или саботните утрински патувања по крофни.

Ти станува појасно кога ќе го држиш син ти за време на невреме со грмотевици, кога ќе ја тешиш ќерка ти по лош сон или кога секоја ноќ со минути ќе ги гледаш како спијат пред да заминеш в кревет.

Сфаќаш дека си совладан кога ќерка ти ќе ти испрати порака дека ѝ недостигаш, или кога син ти сè уште те бакнува за добра ноќ, или кога сите заедно плачете затоа што мачката ви избегала.

Веруваш дека не можеш да издржиш повеќе кога син ти го задеваат во училиште, или кога ќерка ти ќе ја соборат на теренот, или кога нејзе ќе ѝ го скршат срцето.

Нема да знаеш како да ја запреш болката кога нивната тетка ќе добие рак, или кога мајката на нејзина пријателка ќе почине, па дури ни кога ќе ѝ умре хрчакот.

Не можеш ни да замислиш дека би можел да бидеш погорд од тоа кога ќе ја гледаш првата приредба на ќерка ти или првиот гол на син ти.

Нашето најстаро дете има 11 години, а најмалото 3. Не можам ни да си замислам дека моето срце е способно да собере повеќе љубов отколку што има во моментов.

Но, ќе започнам да сфаќам дека може кога ќерка ми ќе положи за возачка дозвола, или кога син ми ќе ја купи првата ружа, или кога сите ќе нè напуштат за да одат на летен камп.

Можеби ќе можам да го видам тоа кога ќе ги здогледам ќерките облечени за матурската забава, или кога син ми ќе ја пакува торбата за на факултет.

Посакувам да знаев пред 11 години колку љубов може да собере ова срце. Не изгледа возможно, но сепак е.

Но, не ме држете за збор, бидејќи нема да можете да разберете сè до вашето прво возење од болница до дома.

Џастин Риклефс со своето семејствоЏастин Риклефс со своето семејство
Tags
родители
мајка
татко

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.