Тајзи се ожени со убавата Ангела која е бремена со нивното прво дете, на свадбата им пееја Слаткар, Пајак и 2Бона
Драган Величковски-Тајзи и Ангела Анчевска запливаа во брачните води.
Популарниот македонски музичар и убавата манекенка го изговорија судбоносното „Да“ изминатиов викенд и направија забавна свадба на која присуствуваа многу славни гости.
Среќниот младоженец настапи со своите колеги Слаткар, 2Бона и Пајак, а од видеата споделени на социјалните мрежи може да се забележи дека атмосферата била ултра весела.
Ангела изгледаше фантастично во елегантна венчаница. Таа и Тајзи пред еден месец споделија дека го очекуваат првото дете.
Парот се вери на Св. Валентин. Познатиот музичар клекна на едно колено во Охрид и објави мигови од романтичната вечер.

