Истражување што траело 24 години покажало дека жените со наднормална телесна тежина се чувствуваат понесреќно отколку жените кои не се во врска, односно убавата витка линија им носи на жените повеќе среќа и задоволство отколку љубовната врска.
Не го пропуштајте денешното излегување на кафе со пријателите, затоа што дружењето може да ви го продолжи животот. Истражувачите откриле дека редовните контакти со пријателите можат да ви го продолжат животот со 3,7 години.
Научниците советуваат дека ако сакате да бидете среќни, треба да бидете постојано зафатени. Но, за жал, тие сметаат дека луѓето се „програмирани“ да бидат мрзеливи со цел да заштедат енергија.
Американски научници, анализирајќи ги резултатите од 148 претходни истражувања, откриле дека популарните луѓе кои имаат многу пријатели и добри односи со семејството живеат подолго. Научниците тврдат дека осаменоста е понездрава од пушењето на 15 цигари дневно или пак од алкохолизмот.
Научниците тврдат дека не е сè во парите и дека парите можат да ви донесат само малку среќа. Најголемото истражување во оваа област покажало дека богатството го подобрува квалитетот на живот и го зголемува задоволството, но многу малку влијае врз расположението.
Еден од најдобрите совети е почесто да се смеете, дури и кога не чувствувате среќа, затоа што за кратко време насмевката ќе повлијае на вашите емоции и ќе се почувствувате посреќни. Истражување спроведено од њујоршки психолози покажало дека смеењето ја зголемува среќата.