Популарноста на Ријана на друштвената мрежа Facebook непрекинато расте со брзо темпо. 23-годишната пејачка ја симна од тронот Лејди Гага и стана најлајкуваната жена на Facebook.
Една од најжешките и најактуелни пејачки потпиша договор за соработка со Емпорио Армани. Официјално е потврдено дека Ријана е ново заштитно лице на колекциите долна облека и џинс од познатиот дизајнер Џорџо Армани.
Ријана го повлекува орозот на пиштол и убива маж кој претходно ја силувал во новото емотивно видео за нејзината песна „Man Down“. Погледнете го спотот.
Ријана и Бритни ја кренаа публиката на нозе на вчерашната манифестација за доделување на музичките награди на Billboard. Двете пејачки ја вжештија атмосферата со дует на контроверзната песна „S&M“. Погледнете го настапот.
Нежната балада „California King Bed“ доби и соодветен спот во кој Ријана и нејзиниот љубовник се оддалечуваат еден од друг, иако физички се блиску. Видеото е едноставно, но е исполнето со прекрасни кадри. Погледнете го овде.
Вчера се одржа доделувањето на 46-тите по ред награди на Академијата за кантри музика. На сцената настапија многу пејачи со моќни гласови, но најголемо внимание привлекоа дуетот на Ријана со Џенифер Нетлс и дуетот на Кери Андервуд со Стивен Тајлер. Погледнете ги овде.
Ријана се појави на насловната страна на списанието Rolling Stone и со своите кратки фармерски панталони привлече големо внимание. Но, многу поинтересни се деталите од нејзиното интервју во кое Ријана признава дека сака садомазохистички секс и дека има 1500 пара чевли. Прочитајте повеќе.
Ријана секогаш добива силни аплаузи на сцената, а големи суми зад сцената. За еден нареден нејзин настап 23-годишната пејачка ќе заработи 500 000 долари за само 1 час.
Кание Вест за време на викендот го објави спотот за песната „All of the Lights“. Покрај Кание, во спотот учествуваат Ријана и раперот Кид Кади. Погледнете го овде.
Ријана ја сними првата реклама за промоција на својот парфем „Reb'l Fleur“. Во видеото се прикажани добрата и лошата страна на Ријана. Погледнете ја прекрасната реклама овде.