Меланија Трамп беше специјална гостинка во американскиот Стејт Департмент во Вашингтон по повод доделувањето на наградите „International Women of Courage“.
Меланија Трамп го придружува својот сопруг Доналд Трамп на официјалните средби со светските лидери. Во изминативе денови, првата дама на САД, присуствуваше на неколку официјални средби, а во секоја пригода, изгледаше модерно и елегантно.
Меланија Трамп континуирано докажува дека со стил ќе ја носи титулата Прва дама на САД. Таа блесна во златен фустан на свечена вечера покрај својот сопруг Доналд.