Папараците „уловија“ блескав дијамантски прстен на раката на бремената Џорџина Родригез, што поттикна гласини дека Кристијано Роналдо ѝ предложил брак.
Кристијано Роналдо моментално е на Ибица со својата девојка и семејството. Португалскиот фудбалер и неговата сакана Џорџина Родригез беа фотографирани додека уживаа на шпанскиот остров.