„Македонијо, те сакам!“ – со овие зборови Калиопи го заврши настапот на евровизиското финале. Калиопи ја повтори беспрекорната изведба од полуфиналната вечер и со својот моќен врисок уште еднаш потсети дека поседува гласовни способности за кои ѝ завидуваат многу пејачи. Погледнете го настапот.
Со беспрекорна изведба на песната „Црно и бело“, Калиопи се претстави на втората полуфинална вечер на Евровизија. Македонската поп ѕвезда со огромна самодоверба ја испеа секоја нота, покажувајќи преку својот глас моќ и многу емоции.
Во Баку денес се одржа првaтa генералнa пробa за втората полуфинална вечер на Евровизија. Калиопи настапи облечена во црн костум на Армани. Останатите придружници на сцената исто така носеа црна елегантна облека. Погледнете фотографии и видео од пробата.
Евровизиската треска стигна и до Панама. Стефани Вилс од Панама, која има амбиции да се пробие во музичкиот свет, ја препеа песната „Црно и бело“ иако не знае македонски. Слушнете ја нејзината верзија на песната на Калиопи.
Калиопи ја имаше првата проба на големата сцена во „Кристалната сала“ во Баку, Азербејџан. Нашата претставничка самоуверено го покажа својот талент, изведувајќи ја рок баладата „Црно и бело“. Погледнете го видеото.
Објавен е видеозаписот на Калиопи за песната „Црно и бело“ со која Македонија ќе се претстави на 57. издание на Евровизија. Спотот е во режија на Александар Ристовски Принц, а е снимен во Битола. Погледнете го тука.