Емануел и Брижит Макрон се на политичка турнеја низ Европа. Парот, кој стои на чело на Франција, прво беше во работна посета на Австрија и Романија, а потоа замина и во Бугарија.
Љубовната приказна на Емануел и Брижит Макрон е нарекувана „необична“ и „скандалозна“ поради големата разлика во возраста, но и заради тоа што љубовта се родила додека таа била мажена, а тој бил нејзин малолетен ученик.