• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Брижит Макрон отворено проговори за разликата од 24 години со Емануел и нивната врска

22 август 2017, 12:28
  • cподели

Брижит Макрон застана под лупата на светската јавност откако нејзиниот сопруг Емануел се кандидира за претседател на Франција и победи на изборите.

Нивната љубовна приказна е мета на многу критики поради 24-годишната разлика во возраста, но и заради тоа што љубовта се родила додека таа била мажена, а тој бил нејзин малолетен ученик.

64-годишната прва дама во интервју за „Elle“ изјави: „Единствената маана на Емануел е што е помлад од мене. Кога читам за нашата врска, секогаш се чувствувам како да читам туѓа сторија. Нашата приказна е многу едноставна.“

Макрон

Брижит и Емануел се запознале кога таа му била наставничка и менторка за училишна претстава. Таа имала 40 години и била мажена со три деца, а тој имал 15 години.

Уште тогаш започнала да се развива привлечност помеѓу нив, но Брижит тврди дека не ја започнале врската во тој период. „Пишувавме заедно петок навечер, а веќе од сабота чекав да дојде следниот петок. Не разбирав зошто. Сето тоа ми изгледаше лудо“ - раскажала таа.

На прашањето дали се обидела да се оттргне од Емануел, таа одговорила: „Да, моја беше идејата Емануел да го продолжи образованието во Париз, затоа што сметав дека тоа е најдобро за него. Во тој момент немаше ништо меѓу нас, иако гласините се ширеа. Се грижев само за моите три деца, Себастијан, Лоренс и Тифани. За никој друг.“

Макрон

„Што се однесува на разликата од 20 години, што и да може да се каже за тоа, е многу тривијално. Се разбира, за време на појадок јас сум таму со моите брчки, а тој со неговата младост. Едноставно така е“ - додала таа.

Макрон

За разделбата од нејзиниот сопруг за да биде со Емануел, Брижит вели: „Разделбите секогаш прават штета. Децата најчесто страдаат. Знам дека ги повредив моите деца и за тоа најмногу чувствувам вина. Но, има моменти во животот кога мора да донесеш витални одлуки. Тоа беше мојата. Ако не го направев тој избор, ќе пропуштев многу во животот.“

Брижит изјавила и дека не сака да биде нарекувана прва дама. „Не се чувствувам како Прва дама. Не се чувствувам ниту како прва, ниту како последна, ниту како дама. Јас сум Брижит Макрон.“

Макрон Макрон
Tags
Брижит Макрон
Емануел Макрон

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.