Комбинацијата „Ели Сааб + висока мода“ гарантира визуелен спектакл. Либанскиот креатор не ги разочара своите гости на ревијата во Париз, презентирајќи ултра раскошна колекција.
„Поезија во движење“ е најновата колекција на Ели Сааб, која беше прикажана во Париз. Либанскиот дизајнер раскажа „бајка за човечка љубов која преминува во надреално царство“.
Блесок, гламур, деликатност и нежност се проткајуваат низ новата колекција на Ели Сааб. Рачно изработените креации ги оставија без здив гостите на ревијата во Париз.