Свеченото отворање на 40-тото издание на фестивалот „Браќа Манаки“ беше проследено со мултимедијален перформанс кој спојуваше визуелни проекции, танц, холограми, звук и пеење, користејќи ја музиката од филмот „Среќна Нова '49“ на композиторот Љупчо Константинов.