• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Промо

Детски цртачки работилници и изненадувања од Бимилк во рамките на ИФФК „Браќа Манаки“

21 септември 2019, 16:35
  • cподели

Најмладите љубители на филмот се дружеа и цртаа со Битолското чупе на црвениот тепих

Во рамките на јуниор-програмата на јубилејното 40-то издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, компанијата Бимилк повторно приреди креативно изненадување за најмладите љубители на филмот.

Имено, од 16 до 20 септември, на црвениот тепих пред Центарот на култура во Битола, по завршувањето на филмовите од детската програма, Бимилк организираше детски цртачки работилници на тема „Нацртај го твојот омилен филмски јунак“. Во текот на работилниците, децата имаа можност да се дружат со Битолското чупе и заедно да ги нацртаат своите херои од филмското платно.

Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки

„Ремек-делата“ на младите уметници беа изложувани на пано поставено на црвениот тепих, а за нивното учество беа наградувани со Битолски јогурт и со балони, на кои беше испишана пораката „Порасни до облаците со Битолски јогурт“.

„Поддршката на културата и локалната заедница отсекогаш биле важни во нашето општествено дејствување, но задоволството е уште поголемо кога станува збор за најмладата публика на фестивалот, затоа што веруваме дека љубовта кон филмот и кон другите области од уметноста треба да се поттикнува уште од најрана возраст. Токму затоа, годинава одлучивме уживањето во филмовите од јуниор-програмата да го збогатиме со цртачки работилници, во кои децата на креативен начин, пред сè, ќе учат за седмата уметност, но и ќе ја изразат и ќе ја пренесат својата љубов кон филмот“, изјави Полексена Јанкуловска, маркетинг-менаџер во Бимилк.

„Вакви содржини ѝ недостасуваат на Битола. Потребни се повеќе настани во текот на целата година во нашиот град, во кои ќе бидат вклучени и децата“, ни изјави еден од родителите присутен на детските цртачки работилници.

Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки

Во рамките на детската програма на 40-тото издание на ИФФК „Браќа Манаки“ беа прикажани 5 филма од данска, чешка, руска, словачка и белгиска продукција, а Млекара АД Битола континуирано дава поддршка на фестивалот, и тоа најчесто токму на јуниор-програмата.

Браќа Манаки Браќа Манаки

Комерцијален текст

Tags
Браќа Манаки 2019

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.