Џиџи и Бела Хадид редовно дефилираат заедно на ревиите на врвите брендови во рамките на модните недели, но за првпат ним им се придружи и нивниот помал брат Анвар.
Бела Хадид изминатите денови го освојуваше Париз. 20-годишниот модел дефилираше на неколку ревии и не ги пропушти важните забави кои се одржаа во рамките на модната недела во Градот на светлината.