Една од најжешките и најактуелни пејачки потпиша договор за соработка со Емпорио Армани. Официјално е потврдено дека Ријана е ново заштитно лице на колекциите долна облека и џинс од познатиот дизајнер Џорџо Армани.
Меган Фокс реши да ја искористи тактиката „сликата вреди повеќе од илјадници зборови“ и објави фотографи со различни фацијални изрази за да покаже дека не користи Ботокс.
Новата колекција на Џорџо Армани е инспирирана од јапонската култура и традиција, а посветена на жртвите од трагичниот земјотрес и цунамито кои ја зафатија Јапонија. Погледнете ги фотографиите.
Сексапилната Меган Фокс сними уште една успешна реклама за Армани, овојпат за машкиот парфем Armani Code Sport. Во новата реклама атрактивната актерка го наградува со сензуална секси прегратка својот полугол љубовник по неговото ноќно капење во базен. Погледнете го видеото.
Во црно-белото видео познатиот тенисер Рафаел Надал е облечен прво по долна облека, а потоа само по фармерки, додека камерата го „скенира“ неговото тело. Погледнете ја рекламата.
Објавена е најновата реклама за Emporio Armani и Armani Jeans за рекламната кампања пролет/лето 2011. Во видеото Меган Фокс носи секси долна облека, а се појавува и топлес, облечена само по фармерки.
Меган Фокс стана заштитно лице на парфемите Armani Codе. Веќе се објавени првите фотографии од рекламната кампања која ќе биде лансирана до крајот на март. Погледнете ги фотографиите со прекрасната црнокоса Фокс и згоден модел.
Меган Фокс и Рафаел Надал позираа за новите жешки реклами на Emporio Armani Underwear и Armani Jeans. Погледнете ги првите фотографии од пролетната кампања.
Меган Фокс ја сними првата реклама за брендот Giorgio Armani Beauty и со тоа уште еднаш покажа зошто секогаш е вбројувана меѓу најубавите жени на светот. Во видеото, неодоливата Фокс заводливо гледа во камерата и испробува различни шминки.
Рафаел Надал ќе ги замени своите тенисерски шорцеви со долна облека и фармерки од Армани за да се појави во новите рекламни кампањи на овој бренд. Во претходните кампањи на Армани учествуваа Кристијано Роналдо и Дејвид Бекам.
Конечно се појавија целосните рекламни видеа на Меган Фокс и Кристијано Роналдо за брендот Армани. Во нив, 24-годишната актерка и 25-годишниот фудбалер го заробуваат вниманието на персоналот на еден хотел со нивните секси тела.