„Таа ќе ви биде целиот свет“: Новак Ѓоковиќ им го откри полот на бебето на среќен пар на турнирот во Индијан Велс
Новак Ѓоковиќ знае како да создаде незаборавни моменти.
За време на овогодинешниот турнир во Индијан Велс, српскиот тенисер прифати необично барање од млад пар токму тој да им го открие полот на нероденото бебе.
Видеото стана вирален хит на социјалните мрежи откако пред неколку дена идните родители го споделија со описот: „Направивме нешто посебно и доктор Новак Ѓоковиќ го одобри!“
Во коментарите следуваше и порака од Новак: „Чест ми е што бев дел од ова. Честитки!“
ВИДЕО
Во видеото, Ѓоковиќ видно изненаден од молбата отвори плик и со насмевка откри дали бебето е момче или девојче.
„Девојче е! Честитки! Ајде, аплауз! Ви благодарам што ми дозволивте да бидам дел од ова. Таа ќе ви биде целиот свет“ – им рече Ѓоковиќ на возбудените идни родители.
Но, изненадувањето не заврши тука. Српскиот тенисер им подари и специјален медалјон со своето име како спомен од денот кој сигурно ќе го паметат цел живот.
Парот сподели и фотографија на која бебето лежи покрај медалјонот.
Ѓоковиќ е татко на Стефан и Тара, а постојано покажува колку му значат семејните вредности.