• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Т-Мобиле им подари Samsung Galaxy S6 на десет корисници

20 април 2015, 07:41
  • cподели

На само еден ден пред македонската промоција на новиот Samsung Galaxy S6, Т-Мобиле им приреди несекојдневно изненадување на своите корисници. Во трговскиот центар Сити мол, на 19 април, десет корисници добија на подарок Samsung Galaxy S6, преку одговарање на едноставни прашања со СМС.

Samsung Galaxy S6

„Ова за мене беше специјален неделен ден. Ден претходно од медиумите се информирав за настанот и знаев дека ќе дојдам во Скопје рано наутро од Куманово. Земав учество и испратив СМС пораки со точни одговори. Па така, на мое огромно изненадување, станав еден од добитниците на телефонот Samsung Galaxy S6. Ова ми е првпат да добијам ваков ексклузивен подарок. Им благодарам на Т-Мобиле за изненадувањето. Досега само ги читав одличните критики за телефонот, а сега едвај чекам да го користам и лично се уверам во карактеристиките на одличниот Samsung Galaxy S6“, изјави возбудено Дарио Королио од Куманово, еден од добитниците на најновиот телeфон од серијата на Samsung.

Samsung Galaxy S6 Samsung Galaxy S6

Имаше изненадување и за сите корисници кои тој ден во Телеком продавницата во Сити мол купија Samsung Galaxy S6 или S6 Edge, и го добија за 1МКД одличниот Samsung S5mini за 1МКД.

Новиот Samsung Galaxy S6 и Samsung Galaxy S6 edge, коишто во редовна продажба ќе се најдат почнувајќи од 20 Април, се најтенките телефони на Samsung, изработени од најсофистицирани материјали, излеани во тенка, компактна, комплетно метална и стаклена конструкција. Galaxy S6 и Galaxy S6 edge се опремени со функција за брзо полнење на батеријата, која што овозможува гледање на видео содржини во висока резолуција дури до 2 часа. Дополнително, со можност за безжично полнење на батеријата, телефоните се подготвени за безбедно извршување на сите секојдневни обврски.

Како спој на прекрасна естетика и иновативна функционалност, уникатниот двојно заоблен раб на Galaxy S6 нуди нов начин за проверка и одговор на повици, пораки и електронска пошта, кој совршено се вклопува со сите дневни планови.

Телефоните Samsung Galaxy S6 и S6 Edge имаат предна 5-мегапикселна и задна 16-мегапикселна камера, секогаш подготвена за совршени фотографии пред сè како резултат на функцијата Optical Image Stabilisation, брзиот автофокус и поголемите леќи со f1.9 отвор, коишто покажуваат одлични резултати дури и при слаба осветленост. Камерата се вклучува исклучително брзо за само 7 секунди, при што овозможува да се фотографираат повеќе несекојдневни моменти.

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.