• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

Шверцерите профитираат од забраните на никотински производи: примерите од Холандија и Данска

14 март 2026, 13:07
  • cподели
Vape

Борбата против нелегалната трговија со никотински производи станува сè поголем предизвик за некои европски земји. Холандија се соочува со значителен раст на црниот пазар откако ја забрани продажбата на никотински ќесички и електронски цигари со вкусови и ароми.

Според официјалните податоци, само во првите три месеци од примената на забраната биле запленети над 185 илјади нелегални електронски цигари. Поради ваквите трендови, властите веќе размислуваат за заострување на санкциите.

Слични предизвици се појавуваат и во Данска, додека Европол претходно предупреди дека ваквите рестрикции можат да поттикнат нелегални канали на трговија. Македонија со новиот Закон за заштита од пушење најавува слични ограничувања.

„Растот на пазарот на е-цигари/вејпови во последниве години доведе до последователно зголемување на фалсификувани производи за вејпинг што влегуваат на пазарот на ЕУ. На многу од овие фалсификувани производи и делови за е-цигари им недостасуваат контроли за квалитет и не ги исполнуваат безбедносните и здравствените барања, што претставува ризик за потрошувачите“, се наведува во извештај од Европол.

Холандскиот орган за безбедност на храна и производи за широка потрошувачка (NVWA) има дозвола да запленува вејпови и е-течности од почетокот на 2025, а веќе во јануари се случи голема заплена.

„NVWA пронашла над 42.000 нелегални вејпови во магацински простор во Барендрехт. Инспекторите сакале да го пребараат магацинскиот простор поради сомнежи дека сопственикот врши нелегална продажба во неколку продавници во различни делови од земјата. Сопственикот бил принуден да ја отклучи вратата и да им ја покаже на инспекторите нелегалната залиха“, пишува NL Times.

Сега, предложени се законски измени за зголемување на казните до четири илјади евра, почнувајќи од први јули годинава.

„Предлогот има за цел да испрати јасна порака дека нелегалната продажба повеќе нема да се третира како мал прекршок. Продажбата на нелегални вејпови ќе ве чини скапо, дури и за прв прекршок. Остриот пораст е наменет да ги таргетира повторните прекршители, како и продавниците и дистрибутерите вклучени во онлајн и неформалната продажба на пазарот“, изјави привремената министерка за здравство Јудит Тиелен.

Холандските регулатори известуваат дека нелегалната продажба на вејпови и цигари останува честа појава и покрај забраните за продажба на ароматизирани е-течности и ограничувањата за достапност на мало. Холандија има едни од најстрогите регулативи за вејпови во Европската Унија. И покрај ова заострување на регулаторната рамка, инспекторите велат дека нелегалната продажба на вејпови останува постојана, особено преку малите маркети, неформалните трговци на мало и платформите на социјалните медиуми.

Според NVWA, нелегалните вејпови честопати не ги исполнуваат стандардите за составот, стандардите за дизајн или ограничувањата на концентрацијата на никотин, а многу од нив се од нерегистриран увоз надвор од ЕУ.

Пред три месеца и данската полиција заплени 12.000 нелегални ароматизирани никотински производи во голема рација, спроведувајќи ја забраната од 2024 година, а случајот ги открива предизвиците за ограничување на профитабилниот црн пазар на вејпови. Експертите предупредуваат дека нерегулираните производи претставуваат сериозни здравствени ризици.

„Данската акција против нелегалните ароматизирани вејпови кулминираше со масовна заплена. Полицијата во Престо, по анонимна дојава, конфискуваше 12.000 нелегални е-цигари од складиште, а со тоа се истакнува тековниот предизвик на црниот пазар. 33-годишен маж од Сeеборг сега се соочува со обвиненија, додека властите проценуваат потенцијални даночни казни за значителниот обем на забранети производи. И покрај забраната, самиот обем на оваа заплена укажува на постојана и профитабилна подземна трговија.“, пишува Nordic Today.

Експертите за јавно здравје од Данска предупредуваат дека оваа нерегулирана состојба претставува дополнителна опасност.

„Кога купувате од црниот пазар, немате гаранција што има во течноста. Концентрацијата на никотин може да биде опасно висока, а може да има и други штетни супстанции што не се наоѓаат во регулираните производи. Ова создава парадокс каде што политиката дизајнирана да го подобри јавното здравство може ненамерно да ги насочи некои корисници кон поризични, нерегулирани алтернативи“, изјавил медицински работник.

Од друга страна, држави како Шведска, Велика Британија, Норвешка, Нов Зеланд и други, ја стимулираат достапноста до алтернативните никотински производи, гледајќи на ваквите производи како на помалку штетна алтернатива на цигарите, целејќи да ја намалат стапката на пушење. 
 

Најнови

  • Vape

    Шверцерите профитираат од забраните на никотински производи: примерите од Холандија и Данска

    Sat, 03/14/2026 - 13:07
  • Макпетрол

    „Макпетрол“ со став дека намалувањето на цената од страна на ОКТА не е доволна

    Fri, 03/13/2026 - 15:54
  • Од мало девојче до прекрасна девојка: Милан Калиниќ ѝ го честиташе 18-тиот роденден на ќерката

    Fri, 03/13/2026 - 14:10
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.