Седум месец откако склучија граѓански брак во Валенсија, Столе Димитриевски и неговата сакана Ирина направија свадбена прослава во Шато Камник во Скопје.
32-годишниот репрезентативен голман и неговата избраничка се забавуваа и славеа со многуте гости.
За специјалната пригода, македонскиот спортист носеше смокинг, а веселата невеста изгледаше отмено во корсетирана венчаница и долги ракавици од деликатна чипка.
Во текот на прославата, Ирина се пресоблече и во блескав фустан со длабоко V-деколте.