• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Свадба во тајност: Кристијано Роналдо се ожени со Џорџина Родригез по 10 години љубов и ги покажа бурмите

12 август 2026, 08:20
  • cподели
Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез

Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез официјално запливаа во брачните води. 41-годишниот португалски фудбалер и 32-годишниот модел се венчаа на 11 август на интимна граѓанска церемонија во Кашкаиш, Португалија.

Според соопштението за јавноста, церемонијата била „приватен и интимен момент“, а на венчавката присуствувале нивните пет деца.

Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез

Роналдо ја потврди радосната вест и на социјалните мрежи, објавувајќи фотографија од нивните раце со бурми. Во описот кратко напиша:

„C❤️G“

Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез

Двојката за венчавката го избра 11 август, истиот датум кога пред една година Џорџина објави дека Роналдо ја побарал за сопруга. Имено, на 11 август 2025 година, таа го покажа импресивниот дијамантски веренички прстен и со романтична порака му кажа „да“ на својот долгогодишен партнер: „Да, сакам. Во овој и во сите мои животи.“

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

Љубовната приказна на Роналдо и Џорџина започна во 2017 година, кога таа работела како продавачка во бутик на Gucci.

Низ годините, двајцата изградија големо семејство. Заедно се грижат за пет деца: 16-годишниот Кристијано Џуниор, 9-годишните близнаци Ева Марија и Матео, 8-годишната Алана и 4-годишната Бела.

Во април 2022 година, двојката ја доживеа и најголемата семејна трагедија, кога при раѓањето почина Анхел, братчето близнак на Бела.

Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез со децата
Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез со децата

Во реалното шоу на Џорџина „I Am Georgina“, Роналдо се наврати на почетоците на нивната врска. Тој призна дека Џорџина му делувала како „многу интересна девојка, многу позрела за своите години“, но дека во почетокот не очекувал нивната романса да прерасне во толку силна љубов.

„На почетокот не мислев дека врската ќе биде толку силна, дека ќе се вљубам во неа. Искрено, не го очекував тоа. Но, по некое време, почувствував дека таа е жената на мојот живот“ - откри тој.

Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез
Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез
Tags
Кристијано Роналдо
Џорџина Родригез

Најнови

  • До 99 денари, а ќе ви се најдат секој ден: 5 производи од dm што заслужуваат внимание, a имаат германски квалитет

    Wed, 09/09/2026 - 20:15
  • „Насмевката кажува сè“: 13-годишно девојче со Даунов синдром и алопеција кое не зборува се радува кога ќе добие нова перика

    Wed, 09/09/2026 - 15:20
  • Снеже Велков во блескав фустан со моќна порака: „Рекоа жена си - биди силна. Одлучив силата да ми е во слабоста“

    Wed, 09/09/2026 - 14:35
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.