• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Супермоделот Жизел проговори за операцијата на градите, мислите за самоубиство и врската со Леонардо Дикаприо

26 септември 2018, 20:00
  • cподели

Жизел Бундшен има прекрасно семејство, омажена е за супер успешен спортист и е еден од најплатените модели во светот. Но, таа потсетува дека честопати животот не е совршен како што изгледа отстрана. Бразилскиот супермодел се отвори за паничните напади и мислите за самоубиство кои започнале во периодот кога кариерата ѝ врвела по нагорна линија, односно кога стана ангел на Victoria’s Secret и започна врска со Леонардо Дикаприо.

Во нејзиниот нов мемоар „Lessons: My Path to a Meaningful Life“, таа се отвори за анксиозноста, суицидните мисли и пластичната операција на градите за која веднаш зажалила.

Жизел

„Сè може да изгледа совршено однадвор, но вие не можете да знаете што навистина се случува. Чувствував дека е време да споделам некои од моите слабости и сфатив дека не би променила ништо што преживеав затоа што сум тоа што сум поради тие искуства“ – вели таа во интервју за People.

Првите чекори во модната индустрија за Жизел биле тешки. „Ќе ми речеа: Носот ти е преголем и очите ти се премали, никогаш нема да бидеш на корица на списание“ – раскажува таа. Но, откако се појави на ревија на Александар МекКвин во 1997 година, светот ги насочи погледите кон нејзината атлетска фигура, а Вог ја претвори во симбол на враќањето на облините на пистите.

Три години подоцна, таа потпиша договор од 25 милиони долари со Victoria’s Secret и започна врска со Леонардо Дикаприо. Сосема очекувано, интересот на медиумите за Жизел започна да расте, а со тоа се појавиле и првите панични напади.

Жизел Жизел

Првиот паничен напад се случил во 2003 година додека патувала со авион, а набрзо потоа развила фобии од тунели, лифтови и тесни простории. „Се чувствував беспомошно. Твојот свет станува помал и помал и не можеш да дишеш, а тоа е најлошото чувство кое сум го имала“ – вели таа.

Кога започнала да има панични напади и дома, таа добила и суицидни мисли. „Имав чувство како: Ако скокнам од балконот, сè ќе заврши и нема да треба да се грижам за ова чувство дека мојот свет се затвора“ – признава таа.

Откако посетила специјалист и ѝ биле препишани лекови, таа одлучила дека не сака да стане зависна и започнала од лекарства сериозно да си го менува начинот на живот.

„Пушев цигари и пиев по едно шише вино и 3 мока фрапучиња секој ден и од сè се откажав во еден ден. Си мислев, ако нешто од ова ми предизвикува болка во животот, мора да го отстранам“ – раскажува таа.

Жизел

Во 2005 година таа одлучила и да ја прекине врската со Леонардо. „Секој што ни го пресретнува патот е учител, тие доаѓаат во нашите животи и ни откриваат нешто за нас. И сметам дека тој беше тоа. Што е добро наспроти лошо? Го ценам него за тоа што беше“ – објаснила таа.

Жизел моментално е во брак со Том Брејди со кого има две деца – Вивиен и Бенџамин. И двете таа ги доела до 18 месеци, а тоа се одразило на изгледот на нејзините гради, па пред речиси три години, таа си направи пластична операција за која веднаш зажалила.

View this post on Instagram

A post shared by Gisele Bündchen (@gisele) on Jun 12, 2018 at 4:12am PDT

View this post on Instagram

A post shared by Gisele Bündchen (@gisele) on Dec 10, 2013 at 8:00am PST

„Бев фалена за моето тело и чувствував дека луѓето имаат очекувања од мене кои не ги исполнував. Се чувствував многу ранлива, затоа што можев да вежбам, можев да се хранам здраво, но не можев да го променам фактот што двете мои деца повеќе уживаа да цицаат од левата дојка одошто од десната. Сè што сакав беше да бидат еднакви и луѓето да престанат да коментираат за нив. Кога се разбудив, си помислив: 'Што направив?' Се чувствував како да живеам во тело кое не го познавав. Првата година по операцијата носев широка облека, затоа што се чувствував неудобно“ – изјави Жизел.

View this post on Instagram

A post shared by Gisele Bündchen (@gisele) on May 14, 2017 at 8:09am PDT

Tags
Жизел
Жизел Бундшен

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.