• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Супер бабичка: 77-годишна жена живее сама со животни на Сибир и лизга на замрзнатото Бајкалско Езеро

27 април 2018, 09:45
  • cподели

Љубов Мореходова го привлекува вниманието на светот со својот скромен начин на живот и со лизгачките способности.

77-годишната бабичка живее на Сибир и секојдневно лизга на мраз на најдлабокото езеро на светот, Бајкалското Езеро.

Љубов Мореходова Љубов Мореходова Љубов Мореходова Љубов Мореходова

Откако почина нејзиниот сопруг во 2011 година, Љубов живее сама, но и покрај тоа, тврди дека е среќна и исполнета. Нејзини единствени пријатели се животните на нејзината фарма, па посветено се грижи за нив.

За да ги надгледува и да се увери дека нејзините крави нема да заминат многу далеку, Мореходова ги става лизгалките, кои во 1943 година ги направил татко ѝ, и лизга по замрзнатото езеро.

Љубов Мореходова

„Тука имам сè. Имав можност да го напуштам овој живот откако почина мојот сопруг, но не можев. Знаев дека животот тука е многу тежок. Татко ми работеше напорно со мајка ми. Како би можела да заминам? Како?“ – вели баба Љуба за нејзината одлука да живее сама.

Љубов Мореходова Љубов Мореходова

Одвреме-навреме оваа бабичка ја посетува нејзиниот син, а во лето друштво ѝ прават внуците.

„Во лето, кога има многу луѓе им велам: Собери си го ѓубрето, не оставај неред зад себе. Не оставај ѓубре, сè завршува во Бајкалот“ – вели таа и додава дека е среќна онаму каде што е.

„Седам сама во кујната. Седам и го гледам ова. Ме усреќува, ме расположува и си помислувам дека кога некој би седел до мене, би рекол: Каква убавина. Каква неверојатна убавина“ – вели таа.

Љубов Мореходова Љубов Мореходова Љубов Мореходова Љубов Мореходова Љубов Мореходова

Видео

Tags
Сибир
баба

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.