• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Стрии, растечени гради, проширени колкови... Мајка гордо го покажа телото по раѓањето на второто дете

23 август 2016, 09:15
  • cподели

Сè посилен е притисокот кон мајките да си ја вратат убавата фигура веднаш по породувањето. Откако ѝ дошло преку глава од моделите кои го покажуваат слабото тело само денови по породувањето и од жените кои ги „фотошопираат“ своите фотографии за да ги избришат „лузните“ од бременоста, Оливија Вајт решила да покаже како навистина изгледа нејзиното тело по раѓањето на второто дете.

Оливија Вајт

„Подуено лице, растечени гради полни со млеко, пошироки колкови и стомак полн со стрии!! Тоа е мојата постпородилна реалност, нема брзо враќање на старото тело. И знаете што? Не ми е гајле! Затоа што јас не сум истата личност која бев пред да имам бебиња. Па, зошто би сакала моето тело да рефлектира нешто или некој кој повеќе не сум?“

„Овие растечени гради ги хранат моите бебиња и ги пораснаа големи и силни. Овие колкови и распуканиот стомак беа дом на моите малечки 9 месеци.“

„Ова можеби не е трансформираното тело кон кое многумина се стремат! И да, има денови кога посакувам да не се тресе толку многу сè на мене и да бев поцврста, но тогаш се потсетувам што неверојатно направив, заборавам на самокритиките и јадам чизбургер, зашто го заслужив“

Откако охрабрувачката порака допре до илјадници лица, Вајт објаснила дека жените треба да уживаат во мајчинството без да се преокупираат со притисокот за слабеење.

„Сметам дека во денешно време лесно е да бидеме обземени од идејата за совршено тело и од бесмислениот притисок да си го вратиш телото од пред бременоста. Не се работи за тоа да се вратиш на старото, бидејќи ти повеќе не си истата личност. Ти си мајка сега. Носеше дете/деца цели 9 месеци. Работеше напорно. Зошто би го криела тоа? Прифати ги промените и уживај во мајчинството“ – рекла Оливија, која има две мали ќерки.

Оливија Вајт Оливија Вајт Оливија Вајт
Tags
нова мајка

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.