Што навистина помага против акни? Што препорачуваат дерматолозите?
Справувањето со ненадејна појава на акни може да биде многу фрустрирачко искуство, особено ако сте навикнати на чиста кожа. Најчесто дерматолозите ќе препорачаат медицинска козметика, бидејќи ваков вид на решенија за нега се специјално формулирани за борба против вакви појави.
Но, кога влегуваме во ваква битка мора да се разбере дека производите се дизајнирани да адресираат различни аспекти на третманот и превенцијата на појава на акни. Затоа комбинирањето е основно. Постои рутина што е неопходна и треба да се запази. Чистењето на лицето е првиот чекор, во овој случај тоа е со Еуцерин DERMOPURE CLINICAL гелот за измивање, а потоа се нанесува крема од истата колекција. За да се пречи појава на лузни, добро е во негата да с евклучи и серум.
„Оваа колекција има моќни состојки како што е Ликохалкон А и технологија за регулирање на вишокот себум. Потоа Салицилната киселина која пенетрира во порите, ги отвара и го намалува растот и размножувањето на бактериите што предизвикуваат акни, а со тоа ја спречува нивната појава во иднина. Ликохалконот А е антиинфламаторна состојка, го намалува црвенилото и ја смирува иритацијата на кожата, а со регулирање на себумот се контролира и вишокот на производство на маснотии во кожата што е причина за појава на акни, овозможувајќи кожата да се обнови и да добие чист и рамномерен тен. Дел од производите го содржат и патентираниот Thiamidol кој ја намалува хиперпигментацијата и спречува појава на дамки.”, смета дерматологот Соња Петрушеска.
Колекцијата се состои од DERMOPURE CLINICAL гел за миење, кој ги таргетира нечистотиите, ги намалува трагите од мозолчиња и го контролира сјајот. Корективен гел за миење, пилинг за измивање, тоник за лице, матирачки крем флуид за лице, HYDRA REPAIR смирувачки хидратантен крем-флуид, и DERMOPURE CLINICAL корективен крем-флуид со тројно дејство (создаден да одговори на три клучни предизвици со коишто се соочува проблематичната кожа. Тој целосно ја контролира појавата на несаканиот сјај, овозможувајќи долготраен мат-ефект без да ги затвора порите, а истовремено превенира појава на нови акни и постинфламаторни хиперпигментации).
Оние што внимавале рутината да ја практикуваат редовно и ревносно пријавиле значително подобрување и обнова на кожата. Резултатите се видливи по неколку недели при што се забележува значително намалување на акните и подобрување на текстурата на кожата.